Контакт

Надворешна политика

Иванов во Рим: Со плочата во чест на Свети Кирил и Методиј изразуваме благодарност кон нивното дело

Објавено пред

„Во оваа базилика на Санта Марија Маџоре папата Адријан Втори во 868 година ги освети донесените словенски книги во Рим од светите браќа Константин Кирил и Методиј, создавачите на словенската писменост. Од благодарниот македонски народ“, гласи текстот на плочата во чест на Свети Кирил и Методиј, што во понеделникот во рамките на официјалната посета на претседателот Ѓорге Иванов на Ватикан, беше поставена во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.

dobivaj vesti na viber

„Денеска сум тука за да ја изразам благодарноста на македонскиот народ кон сесловенските светители и просветители – Кирил и Методиј. Оваа плоча, што денес ја поставуваме, е резултат на повеќегодишните напори и залагања, но и остварување на сонот на многу генерации Македонци“, истакна претседателот Иванов во обраќањето на церемонијата на поставување на плочата.

Делото на светите Константин-Кирил и Методиј, како што рече, е вградено во секоја буква што ќе ја напишеме и во секој збор што ќе го изговориме.

Токму јазикот и верата нè одржале како народ и тогаш кога не сме имале наша сопствена држава, и тогаш кога сме биле поделени, покорени и прогонувани. Во такви тешки услови, македонскиот јазик бил нашата единствена комплетна татковина. А, меѓите на таа татковина ги поставија токму светите Кирил и Методиј“, рече Иванов.

Според него, народите без писменост неповратно исчезнале во историјата, а македонскиот народ е еден од народите кои опстанаа благодарение и на делото на светите Кирил и Методиј.

„Затоа, со оваа плоча ние ништо не присвојуваме, туку само ја изразуваме нашата искрена и длабока благодарност. Но, благодарноста кон св. Кирил и Методиј не се изразува само со оваа плоча. Благодарноста ја изразуваме користејќи го македонскиот јазик и неговото кирилично писмо за постигнување нови дострели во културата, уметноста и науката, бидејќи јазикот е најголемиот жив споменик кој ние сме должни да го чуваме и да го унапредуваме за оваа и за идните генерации“, истакна Иванов.

Кардиналот Сантос Абрил и Кастељо, старешина на базиликата, јави известувачот на МИА, рече дека оваа плоча ќе биде историски спомен, притоа изразувајќи убедување дека инаугурирањето на плочата ќе претставува и огромна радост за македонскиот народ.

„Ова ќе остане еден убав спомен кој уште подлабоко ќе ги поврзува Македонија и Ватикан. Македонија ја сметаме за голем пријател и поставувањето на оваа плоча е продлабочување на веќе постојните многу длабоки врски меѓу Ватикан и Македонија. Секој Македонец кој ќе престојува во Рим сигурно ќе има голема желба да влезе во оваа базилика и да види каде е поставена плочата во чест на благодарност на македонскиот народ на браќата Свети Кирил и Методиј“, истакна кардиналот Сантос Абрил и Кастељо.

На поставувањето на плочата присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Инаку, поставувањето на плочата е иницијатива на претседателот Иванов, која по неколкугодишни напори е прифатена од ватиканските власти.

Во 2013 година претседателот Иванов упати писмо до папата Бенедикт XVI со кое го замоли за помош и поддршка во годината кога се одбележува јубилејот – 1150 години од почетокот на словенската мисија на светите Кирил и Методиј, од име на целиот македонски народ, да се оддаде почит, признание и благодарност на словенските просветители преку свечено поставување на спомен плочата во базиликата Санта Марија Маџоре.

Претседателот Иванов уште во 2011 година, за време на церемонијата за беатификација на Јован Павле Втори, кога ја посети оваа базилика забележа две спомен плочи на благодарност кон делото на светите браќа од словачкиот и од бугарскиот народ, па оттаму и идејата и македонскиот народ на тој начин да ја изрази својата благодарност и веднаш се заложил за добивање соодветно одобрение од ватиканските власти.

На оваа тема е разговарано и при првата кратка средба со папата Франциск во март 2013 година, како и на средбата во мај 2014 година. Побарана е поддршка и од новиот државен секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин. /крај/мф/ап

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа14 минути

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Забава36 минути

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа40 минути

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складишен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа46 минути

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија9 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ10 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија15 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија18 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија20 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ2 дена

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ2 дена

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ2 дена

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет2 дена

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...