Црна хроника
Го претепале откако ги фатил како му крадат ореви

Еден струмичанец со тешки телесни повреди префрлен е на ургентниот центар во Скопје, откако бил претепан од неколку непознати лица кои му крадел ореви од нивата.
Еден струмичанец со тешки телесни повреди префрлен е на ургентниот центар во Скопје, откако бил претепан од неколку непознати лица кои му крадел ореви од нивата.
Инцидентот се случил во неделата околу 12,00 часот во атар на с.Ангелци-Струмица, кај м.в.„Тенкиот пат“ или „Ковачница“, кога З.Т.(49) од Струмица, отишол да го види своето лозје, по што затекнал како две непознати лица вршат кражба на ореви од нивата.
Кога отишол и им ги земал оревите, настанала расправија помеѓу нив, по што лицата си заминале. По кратко време тие дошле со уште две три непознати лица и почнале да го удираат З.Т. во пределот на главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди.
Неможејќи да се справи со истите, побарал помош од присутните во соседните ниви, по што дошле В.К.(52) и В.Т.(69), кои кога виделе дека е повреден, го качиле во тракторска приколка и го однеле во с.Ангелци, од каде го пренеле во МЦ-Струмица, каде му се констатирано тешки телесни повреди во пределот на главата.
Поради сериозноста на повредите и во неконтактибилност, истиот е пренесен во УЦ-Скопје. По обавениот разговор со В.К. и В.Т., утврдени се можните извршители на делото. Во ПС приведени се М.П.(23) и Ѓ.П.(14) од с.Ангелци-Струмица, а се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите сторители. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода 12 лица во Гевгелиско, полицијата најде дрогa

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија синоќа во периодот од 22.00 до 03.00 часот на локален пат од село Миравци кон место викано „Бел Рај“, Гевгелиско ги лишиле од слобода Б.Ј.(25), С.Н., М.К.(31), Н.М.(20), А.И.(24), Ф.П.(22) и Д.Б.(34) сите од Скопје, Г.А.(21) и Т.Ј.(38) и двајцата од Кавадарци, К.П.(21) од Неготино, П.З.(38) од Радовиш и Е.Ј.(22) од Берово.
Како што соопшти МВР, во осум поединечни случаи при преглед на лицата или во возилата во кои се превезувале биле пронајдени марихуана и четири таблети виолетова боја.
За сите настани бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Ни трага, ниту глас од исчезнатите мајка и син од Прилеп, полицијата ги бара

Полицијата во Прилеп трага по 36-годишната Л.И. и нејзиниот 17-годишен син, кои исчезнале на 18 јули, а случајот бил пријавен вчера на 25 јули, во 08:20 часот во ОВР Прилеп.
Како што информираше МВР, пријавата ја поднел С.Ќ. (48) од Прилеп, сопруг на исчезнатата жена. Според неговата изјава, Л.И. се оддалечила од семејниот дом заедно со својот син, а имала и здравствени проблеми. Од тогаш, од нив нема никаков контакт.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и расветлување на случајот.
Топ
Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба.
Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28.000 денари.
Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени парите и пријавил во полиција, а сторителот бил идентификуван од снимките на видео камерите во болницата, соопшти Обвинителството.
Имајќи предвид дека сторителот бил и претходно осудуван, како и дрскоста со која делото сега го извршил во медицинска установа во која во исто време поголем број пациенти во тешка состојба, меѓу кои и оштетениот, чекале да примат терапија од која им зависи животот, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за осомничениот. Притворот е прифатен.