Црна хроника
МВР: Уапсениот во Грчец има богато криминално досие
Уапсениот криминалец во скопско Грчец има богато криминално досие за сторени дела поврзани со недозволена тргоција со дрога, насилство, кражби, киднапирање и лихварство, а во Македонија и неколку странски држави му се изречени и затворски казни, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во голема полициска акција во четврток, во скопско Грчец беа приведени две лица на возраст од 39 и 50 години, во рамките на акција „Мрежа“, насочена против уличните дилери и пресекување на меѓународни канали за недозволена трговија со дрога. Уште едно лице, поврзано со криминалната група, на возраст од 22 години од Скопје, е во бегство и по него е распишана потерница.
Приведеното 50 годишно лице беше под сомнение како организатор на дел од криминалните активности поврзани со нелегална трговија со наркотици изминатава година. Истиот според полициските евиденции има богато криминално досие и познат е како организатор и предводник на повеќе криминални групи.
Според сознанијата, подолг временски период наназад е инвовлиран во недозволена трговија со дрога, а поврзан е со криминални групи од Грчец кои се занимаваат со недозволена трговија со наркотични дроги-марихуана, кокаин и хероин, како и кривични дела од областа на насилниот криминал и одземање на моторни возила и лихварство. Против него се поднесувани кривични пријави од 1991 година за сторени кривични дела: фалсификување исправа, предизвикување на општа опасност, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, грабнување, недозволена трговија со дрога и други тешки кривични дела.
Истиот во 2006 година беше идентификуван и како организатор на „грабнувањето“ на косовскиот државјанин Љуљзум Бегај, сопственик на КОСМОТЕ ФООД Компани, кога за негово ослободување од неговото семејство беше побаран откуп во износ од 500.000 евра. Случајот беше реализиран, а против организаторот, односно сега приведениот и останатите петмина извршители, Одделот за организиран криминал поднесе крвична пријава за сторено кривично дело „грабнување“, за што му беше изречена казна затвор во траење од 10 години во отсуство.
За тоа време, според оперативните сознанија, осудениот се наоѓал во Чешка кадешто се поврзал со криминали групи чии членови се македонски државјани кои организирале транспорт на наркотична дрога во Северна Бохемија-во близина на границата на Чешка и Германија.
Во 2007 година, според информациите добиени од странски служби, судот во Братислава го казнил со казна затвор во траење од 14 години за недозволено производство и држење наркотични дроги и трговија со оружје. Во Македонија во текот на 90-те години истиот е казнуван и со казна затвор во траење од по три месеци, условно за една година за сторни кривични дела неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Во последниот случај, осомничениот во рамките на акција „Мрежа“ беше поврзан со два претходно реализирани случаи во кои вкупно беа запленети околу 10 килограми марихуана со висок квалитет, од кои еден килограм беше наменет за домашниот нарко-пазар додека поголемиот дел беше наменет за продажба надвор од Македонија.
Имено на 21 и 22 мај годинава во две одвоени акции во реонот на „Кванташки пазар“ и на автопатот Скопје – Куманово на патарина Миладиновци беше извршен претрес во две возила „Mercedes–Sprinter 311 CDI“ и „BMW“ во кои што беше откриена дрогата. По поднесувањето на кривичната пријава, за сега приведените лица беше распишана потерница. Истите во текот на денот ќе бидат изнесени пред судија.
Инаку во рамки на Оперативната акција „Мрежа“, досега се приведени стотина лица, а беа запленети околу половина тон различни наркотици.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

