Регион
Грчкиот парламент ги прифати условите на кредиторите

Парламентот на Грција ги прифати законите со кои се воведуваат строгите мерки за штедење и со кои се прифаќа договорот со ЕУ. За гласале 229 пратеници, против биле 64, а шестмина биле воздржани, додека еден пратеник не бил присутен.
Владеачката партија Сириза го усвои законот блчагодарение на поддршката на проевропските опозициски партии. Пратениците за овој документ гласале поединечно на пленарната собраниска седница.
Меѓу мерките кои грчките пратеници ги прифатија се: зголемување на данокот на додадена вредност, независност на службата за статистика, реформа на пензискиот систем, јакнење на финансискиот сектор, намалување на позајмицте кои не можат да се наплатат, приватизација на мрежата за електродистрибуција, реформа на пазарот на трудот…
Грчкиот премиер Алексис Ципрас уште пред гласањето го повика парламентот да го поддржи законот, со образложение дека нема никаква друга алтернатива иако и тој самиот не се согласува со мерките.
„Ние во ова не веруваме, но сме принудени да го прифатиме“, рекол Ципрас пред гласањето во парламентот.
Грчкиот премиер рекол дека нема да престане да ги исполнува своите обврски и дека ќе продолжи да ги спроведува политичките и социјалните реформи и дека је ја продолжи борбата против корупцијата.
За време на дебатата поголем дел од пратениците го критикуваше предлогот, но и говореле дека за него ќе мора да се гласа. Во текот на расправата поддршка на законот најавија владејачката коалиција на Сириза и Независните Грци и опозициските ПАСОК, Нова демократија и Реке. Против законот гласаа Златна зора и Комунистичката партија.
Додека дебатат во парламентот траеше пред зградата во Атина демонстрантите кои протестираа против законот се судрија со полицијата која за да ја растури толпата употреби солзавец и шок бомби. Во судирите биле повредни четворица полицајци и 30-тина демонстранти.
За време на протестите биле запалени канти за смет и неколку возила на телевизиски екипи. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.