Европа
Железничките станици во Минхен отворени, откако мина опасноста
Двете железнички станици во Минхен повторно во петокот рано утрото откако беа затворени пред настапувањето на новата година поради „конкретни податоци за можни самоубиствени напади поврзани со екстремистичко движење во врска со исламската држава“, соопшти германската полиција.
Возовите повторно може да ја користат главната железничка станица во Минхен, како и втората во округот Пасинг, соопшти портпаролката на полицијата, додавајќи дека полициските службеници и натаму спроведуваат ненајавени проверки на поединци.
Споменатите станици беа евакуирана од можен терористички напад во четвртокот навечер. Наведувајќи ги информациите кои ги примил од странски разузнавачки служби, баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека заканата била поврзана со екстремната сунитска организација Исламска држава.
„Нашиот генерален пристап е дека нема да дозволиме на терористите да диктираат како да ги живееме нашите животи“, изјави Херман претходно на прес-конференција.
Полицијата објави на Fecebooк дека верува оти постои закана од терористички напади во областа на Минхен. „Според расположливите информации, за кои просудивме дека се веродостојни, постојат намери ноќва да бидат изведени напади“, извести германската полиција во четвртокот навечер.
Според сознанијата на германската новинска агенција DPA, решавачките сигнали коишто ја мотивирале тамошната полиција на затворање на железничките станици пристигнале од француските власти. Минхенскиот дневен весник Sueddeutsche Zeitung извести дека целта на полициската истрага се шест осомничени. Полицијата за можните напади дознала од повеќе извори, додава DPA која најавува нова прес-конференција во 11.30 часот во петокот на која ќе се очекуваат повеќе детали.
Началникот на минхенската полиција Хубертус Андре изјави дека постоела закана од самоубиствени напади, но и дека загриженоста била намалена во раните утрински часови во петокот, откако кризата достигнала кулминација кусо по полноќ. Андре на утринската прес-конференција изјави дека во нападот требало да учествуваат меѓу пет и седум бомбаши самоубијци.
Поради заканите во главниот град на германската покраина Баварија биле итно мобилизирани околу 550 полицајци. Во текот на ноќта не беше дозволено приближување на споменатите железнички станици, а откако беа евакуирани околу нив беше поставен кордон, а тешко вооружените полицајци ги блокираа влезовите.
Акцијата на германските власти во Минхен придонесе за голема нервоза во многу европски престолнини на пречекот на Новата година, па беа засилени мерките за безбедност откако минатата година беа забележани неколку терористички напади, од кои најголемиот се случи на 13-ти ноември во француската престолнина Париз, кога беа убиени 130 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Reuters/DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.

