Надворешна политика
Ахмети до Хан: ДУИ е цврсто определена за спроведување на политичкиот договор
По повод 13-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ), лидерот на партијата Али Ахмети упати писмо до еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан во кое му се заблагодари за напорите и придонесот во правец на решавање на сериозната политичка криза со која се соочува Македонија.
По повод 13-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ), лидерот на партијата Али Ахмети упати писмо до еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан во кое му се заблагодари за напорите и придонесот во правец на решавање на сериозната политичка криза со која се соочува Македонија.
„Би сакал да ја искористам оваа можност да ја реафирмирам нашата цврста определба за спроведување на договорот постигнат на 2-ри јуни во Скопје и ќе продолжиме со конструктивниот придонес во сите нивоа за да се реши политичката криза како и да го отвориме патот на суштинските реформи во корист на сите граѓани и нашата земја“, се вели во писмото на Ахмети до Хан.
Истовремено, ДУИ ја поздрави силната посветеност на Хан нагласена во Скопје и инсистирањето да се постигне заеднички компромис, како и пораката дека Европската унија ќе прифати договор постигнат со согласност на четирите најголеми парламентарни партии.
„Како што нагласува и договорот, процесот и евроатлантските принципи, зајакнувањето на меѓуетничките односи, целосна имплементација на Охридскиот договор која е загарантирана од страна на ЕУ, САД и НАТО, како и унапредувањето на меѓусоседските односи заедно со прашањата на системските реформи остануваат приоритет на нашата земја како и за нашите меѓународни пријатели“, вели Ахмети во своето писмо.
„На крајот на писомото за поддршка, би сакал да ја изразам мојата убеденост дека четирите политички лидери треба да вложат дополнителни напори за промовирање на договорот и да се посветат на неговиот успех. Затоа, јас ве уверувам дека ќе најдете партнер кај нас, не само за поддршка и спроведување на договор од 2-ри јуни, но исто така и за приближување на Македонија кон Европската унија“, порача Ахмети./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.