Контакт

Надворешна политика

Австрија ќе помогне во решавањето на спорот за името, но бара и реформи

Објавено пред

Австрија ќе направи се што може за да ја забрза динамиката на решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, но истовремено инсистира и на сите неопходни реформи кои ќе ја придвижат земјата на европскиот пат, е пораката на шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, кој во средата во Скопје оствари средба со својот македонски колега Никола Попоски. 

dobivaj vesti na viber

 

Според Курц, Австрија како земја партнер на Македонија има одредени очекувања околу тоа како треба да се одвиваат работите, се со цел да се обезбеди поволна клима за привлекување на странски инвестиции, а како дел од ова е и враќањето на опозицијата во Парламентот, со што би се продолжил политичкиот дијалог.

 

„Како партнери имаме одредени очекувања и претстави како треба да се одвиваат работите кај нашиот партнер. За да може да се гарантира добра клима за инвестирање сметам дека се нужни реформи на економски план а исто така и во однос на правдата. Исто така ја замолувам и опозицијата да се врати во Парламентот бидејќи тоа е местото каде што се води политички дијалог и дискурс, а секако јас како одговорно лице за интеграција имам и голема желба за Македонија, каде се вклучени и меѓуетничките односи кои треба да функционираат беспрекорно“, порача австрискиот министер.

 

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски пак порача дека Македонија ги цени заложбите што ги прави Австрија, која е втор најголем инвеститор во земјата и е еден од клучните двигатели на економските активности, како во Македонија, така и во регионот.

 

„Во периодот во кој очекуваме и формално отпочнување на преговорите со ЕУ, најпотребно за Македонија е да се искористи инструментот Пристапен дијалог на високо ниво (ХЛАД), и да продолжиме со реформите кои се значајни во секој случај пред и по членството во ЕУ и на тој начин да помогнеме за создавање на една поволна клима за реализација на најбитниот проект на овој дел во Европа, а тоа е интеграцијата во ЕУ. Австрија и досега беше еден од главните поддржувачи и двигатели на овој процес а според денешните разговори тоа ќе остане и во иднина. Ова е најзначајната порака која можеме да ја упатиме услови кога Европа е преокупирана со поголем број на проблеми од економска и политичка природа“, изјави шефот на македонската дипломатија.

 

Во поглед на спорот за името со Грција, Курц смета дека овој проблем трае навистина предолго и дека двете страни голема одговорност за изнаоѓање на решение.

 

„Сметаме дека треба да се дојде до решение за спорот за името, тој трае предолго и ние како Австрија ќе извршиме притисок и ќе направиме што можеме за да внесеме развој и динамика за решавање на ова прашање. Потребна е севкупна свесност на цела Европа дека нерешавањето на овој проблем може само да наштети. За мене не е јасно зошто во однос на овој спор нема никакво придвижување, а двете страни како вклучени страни имаат многу поголеми работи за решавање  како што се прашањата од економската сфера и благосостојбата. Не ми замерувајте поради тоа што сум оптимист и сметам дека по изборите во Грција ќе има една позабрзана динамика во однос на овие разговори“, вели Курц.

 

Двајцата министри се осврнаа и на темата за слободата на медиумите, при што австрискиот министер порача дека оваа област е од големо значење за Унијата поради тоа што на тој начин се врши контрола и одржување на демократијата.

 

„Слободата на медиумите е од голема важност за ЕУ, само така можеме да извршиме еден вид на контролен механизам за жива демократија, и ова се прашања кои се важни за да се одржи демократијата. ЕУ тоа го бара од сите свои земји членки и од оние коишто се аспиранти и имаат потенцијал да станат нејзини членки“, потенцира Курц.

 

„Се разбира дека кога се работи за медиумската сфера сите имаат свои одговорности, и политичарите и медиумите и новинарите. Во однос на мерките кои ги преземаме се работи за едно од поглавјата кое е дел од поширокиот дел кој го водиме со Комисијата и за кој трета година имаме конкретни реформи кои се реализирани. Имаме донесено еден законски пакет во соработка со ЕК и сите стручни соговорници на домашно и меѓународно поле и тие законски примени имаат определен број на промени кои во нашата ситуација се сметаат за значителен исчекор, нешто што е констатирано од ЕК, ОБСЕ, Советот на Европа и другите институции“, изјави Попоски.

 

Австрискиот министер исто така најави дека кон крајот на август годинава во Виена ќе се одржи Виенска конференција посветена на евроинтеграциите на земјите од западен Балкан и од која се очекуваат и конкретни резултати во поглед на европскиот пат на сите земји кои се аспиранти за да станат членки на Унијата./крај/мф/бс

Извор: Фото/МИА

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија6 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија7 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија7 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија8 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија8 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија9 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија9 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет11 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа12 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа12 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет12 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија20 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија23 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија1 ден

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија1 ден

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија1 ден

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...