Европа
Почна состанокот во Минск за решавање на украинската криза

Во белоруската престолнина Минск во раните попладневни часови во петокот започна состанокот на Контакт групата за решавање на украинската криза, на која руските и украинските учесници очекуваат постигнување и потпишување договор за мир, пренесуваат светските медиуми.
Во белоруската престолнина Минск во раните попладневни часови во петокот започна состанокот на Контакт групата за решавање на украинската криза, на која руските и украинските учесници очекуваат постигнување и потпишување договор за мир, пренесуваат светските медиуми.
Амбасадорот на Русија во Украина, Михаил Зурабов, се надева дека ваков договор ќе биде потпишан, пренесува руската агенција РИА Новости која додава дека на прашањето дали ќе биде потпишан некаков документ, Зурабов одговорил потврдно.
Белоруската агенција Белта ја пренесе изјавата на претставникот од Киев, поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма, дадена пред почетокот на состанокот, во којашто рекол дека допатувал во Минск за да бара мир.
„Од украинска страна нема никакви воздржаности кон потпишувањето. Доколку страните се така расположени, тогаш договор треба да има“, рекол Кучма, земајќи го предвид договорот за мирно решавање на ситуацијата на југоистокот во Украина и прецизирајќи дека станува збор за неодложен прекин на огнот, пишува Белта.
Итар-Тасс пренесува дека на состанокот ќе присуствуваат Кучма, Зурабов, лидери на самопрогласените Народни Републики Донецк и Луганск, Александр Захарченко и Игор Плотнички, како и претставничката на ОБСЕ за Украина, Хајди Таљавин.
Одлуката за формирање на Контакт групата беше донесена на седница на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во јуни годинава во Баку, а во Минск претходно беа одржани состаноци на 31-ви јули и 1-ви септември.
На состанокот во понеделникот, претставниците на непризнаените републики размениле со украинската страна предлози за мирно решение на ситуацијата и разгледувале прашања за ослободување на заробениците и овозможување хуманитарна помош за сите жители во завојуваниот регион.
Исходот од состанокот будно се следи во велшкиот град Њупорт, каде се одржува самитот на НАТО кој, во зависност од тоа дали ќе биде постигнат договор во Минск или не, ќе одлучува дали ќе се воведуваат дополнителни санкции против Русија./крај/мф/ап
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитираше непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 се повредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави Ројтерс.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин