Контакт

Дијаспора

Македонската алијанса со кандидат за градоначалник на Пустец за локалните избори 2015

Објавено пред

Општинската организација Преспа на Македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, викендов одржа конвенција за утврдување кандидат за градоначалник на општина Пустец за престојните локални избори во Албанија што треба да се одржат на 21 јуни годинава.

dobivaj vesti na viber

 

Делегатите од Горна Горица, Туминец, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Леска, Пустец, Зрноско и Церје за кандидат за градоначалник на општина Пустец го утврдија досегашниот градоначалник Едмонд Темелко. Извршниот одбор на општинската органзиација дополнително ќе ги евидентира 15-те кандидати за советници во Советот на општина Пустец пренесува весник Македониум.

 

Свои обраќања пред делегатите на општинската организација Преспа имаа, генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, потпреседателот на Македонска алијанса за европска интерација, Таќо Гроздани, како и претседателот и потпреседателот на општинската организација Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција, Андон Јани и Спасе Мазенковски.

 

„Почитувани браќа и сестри Македонци, годинава завршува вториот мандат од власта на Македонска алијанса за европска интеграција во општина Пустец. Тоа не охрабрува и поттикнува, да ги продолжиме победите на Македонската партија како единствена опција за заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски и историски идентитет во Република Албанија. Без срам и страв, гордо пред Вас, како и досега, со силен елан за нови победи, се кандидирам за градоначалник на општина Пустец и во наредните четири години. Заедно сторивме многу, заедно ќе продолжиме и понатаму!“, порача Темелко во своето обраќање.

 

„Пред четири години понудивме амбициозна програма. И покрај ограничените изворни приходи на општината, поголемиот дел од ветувањата ги остваривме. Гордо сме исправени пред избирачите, пред Македонците, кои ги повикуваме повторно да го дадат својот глас за Македонска алијанса за европска интеграција, затоа што Македонската партија е единствена гаранција дека ние Македонците можеме и мораме да се избориме самите за нашите права, за унапредување на нашата положба во Република Албанија“, додаде Темелко..

 

На овие локални избори Македонска алијанса за европска интеграција ќе коалицира со Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама и освен во општина Пустец со свои листи за советници ќе настапи во повеќе општини во Албанија каде што живее македонско население./крај/мф/бс

 

 

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

За две години 85.000 македонски граѓани се иселиле во Германија со што Македонија загубила 4,6 отсто од населението

Објавено пред

Истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ покажува дека во Германија живеат 222.000 луѓе од Македонија. Истражувањето се повикува на последниот попис на населението во Германија (од 2022). Од оваа бројка, 158.000 биле родени во Македонија, се вели во истражувањето.

dobivaj vesti na viber

„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Северна Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година“, се вели во истражувањето.

Така, за само две години, 85.000 македонски граѓани заминале во Германија, односно земјата за две години изгубила 4,6 отсто од резидентното население поради масовното иселување во Германија. оценува ИПП „Арбен Џафери“.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

МНР ги охрабрува Македонците во Албанија да се попишат како Македонци

Објавено пред

Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели, Министерството за надворешни работи ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, се вели во соопштението од МНР.

dobivaj vesti na viber

Од македонското МНР велат дека „Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Северна Македонија, и кое претставува непроценливо автентично политичко и културно наследство“.

Препознавајќи ја улогата на Македонците како лојални граѓани на Албанија, претстојниот попис ќе им овозможи преку слободното изразување на својот идентитет, да ја потврдат со тоа и сопствената етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Со тоа и дополнително ќе се потврди улогата на македонската етничка заедница во Албанија, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, велат од МНР.

Северна Македонија и Албанија се земји со исклучителни пријателски односи. Министерството за надворешни работи и институциите на Република Северна Македонија ќе останат во интензивна комуникација со претставниците на македонската етничка заедница во Албанија, исто како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашањата кои ги засегаат идентитетските прашања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние кои сакаат да ја ослабнат СДСМ и да ја видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија2 часа

Елена Петрова ја презеде функцијата Директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...

Свет2 часа

Победа на екстремната десница, голем пораз за Макрон, левицата итно подготвува нов план

Екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен победи во првиот круг од француските парламентарни избори, покажаа излезните анкети,...

Македонија3 часа

Метежот на „Табановце“ е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион3 часа

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Спорт3 часа

Известувачите од Вимблдон за Макфакс прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените се е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...

Македонија4 часа

Метеж на „Табановце” и „Богородица”, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија13 часа

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија14 часа

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија14 часа

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија17 часа

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија20 часа

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија21 час

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија22 часа

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија23 часа

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...

Македонија23 часа

Левица: Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана

Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците, а повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно...

Македонија1 ден

За 24 часа низ државава пожарникарите гаснеа 10 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали...

Македонија1 ден

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места...

Македонија2 дена

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил...

Македонија2 дена

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се...