Регион
Рама: Албанија и Србија да го направат за Балканот тоа што го направија Франција и Германија за Европа

Рама во изјава за „Данас“ истакнал дека за време на посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ на Тирана во среда, во согласност со државниот протокол ќе биде истакнато српското знаме и интонирана српската химна.
„Покрај тоа што ова е прва официјална посета на еден српски премиер на Тирана, како и дека за таа прилика по прв пат во согласност со државниот протокол ќе биде истакнато знамето на Србија и интонирана нејзината национална химна, оваа посета има посебно значење и е знак за нашата решеност да продолжиме со напредокот на патот кој беше утврден во берлинскиот процес минатиот август, под визионерското лидерство на германската канцеларка Ангела Меркел“, истакнал Рама.
Албанскиот премиер истакнал дека „има доверба во визијата и волјата на германската канцеларка по поглед на иднината на Балканот“.
„Не само што ја делиме истата визија и уверувањето дека на Европа и е потребен Балканот исто како што на Балканот му е потребна Европа, туку и поради тоа што сме свесни дека доколку заеднички не работиме за иднината, на сите ни се заканува враќање кон минатото. Тоа на нас ни остава голем товар, поголем од оној кој извонредната одговорност да ја водиме државата веќе ја носи со себе, бидејќи нема сомнеж дека успехот на меѓународната соработка ќе ја одреди судбината, не само на Албанците и Србите во иднина, туку и судбината на проектот на обединета Европа, како најголем мировен проект кои човештвото некогаш го замислило и спровело“, заклучил албанскиот премиер.
Одговарајќи на прашања во врска со односите во регионот, пред се со Албанија, српскиот премиер Александар Вучиќ за Б92 изјавил дека нема да има тешки поради од Белград.
Советникот на албанскиот премиер Рама, Шкељзен Маљичи пак, за српските медиуми изјавил дека во пресрет на посетата на Вучиќ на Тирана, посто желба меѓусебните односи да се подобрат и да влезат во еден нормален тек, додавајќи дека Албанија ќе направи се што може за да не дојде до инциденти за време на посетат на српскиот премиер./крај/мф/бс

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.