Црна хроника
Четворица загинати во пад на хеликоптер во Англија

Четири лица загинале при пад на цивилен хеликоптер во англиската грофовија Норфлок, објави ноќта кон петокот телевизијата Sky News.
Несреќата се случила околу 21 часот по македонско време во близина на селото Гилингем, но нема жртви меѓу локалното население. Останките од леталото беа пронајдени по неколкучасовно трагање во областа каде била пријавена хаваријата.
Портпаролот на полицијата на Норфлок потврдил дека станува збор за цивилен хеликоптер во кој имало четири лица, за кои се верува дека починале веднаш при падот. Се претпоставува дека причина за несреќата е маглата во споменатата област.
Местото на падот е само 50-ина километри оддалечено од местото Клеј каде што во јануари се урна американски воен хеликоптер при што загинаа, исто така, четири лица./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.