Црна хроника
Спречен канал за шверц на мигранти во земјите од ЕУ
Три лица се приведени под сомнение дека за паричен надомест организирале трансфер на лица од подрачјето на Штип, Пехчево, Кочани и Виница, во земјите членки на ЕУ.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против И.А. (41) од Кочани, В.М. (34) од Кочани и Р.И. (35) од Скопје, за сторени кривични дела „Злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот Договор”.
Пријавените како и други лица со цел стекнување на противправна имотна корист директно или преку нивни соработници од подрачјето на Штип, Пехчево, Кочани и Виница, пронаоѓале лица, потенцијални баратели на азил за Европските земји и за истите организирале превоз од Р.Македонија до Германија и други западноевропски земји.
Начинот на транспорт го организирале и вршеле на тој начин што по претходен договор за одреден паричен надомест, лицата лажни азиланти најпрво ги довезувале до ГП Блаце, а потоа илегално ги пренесувале преку село Блаце во близина на ГП Блаце до ГП Хани Елези и откако ќе оствареле влез во Р.Косово биле преземани и со возила превезувани преку Р.Србија кон СР.Германија.
Завчера (12.03.) со примена на посебни истражни мерки документиран е транспорт кој го организирал пријавениот И.А. и за истиот го ангажирал пријавениот В.М. којшто со ПМВ Комби, марка „Рено” со германски регистарски таблички организирале и оствариле превоз на вкупно шест лица од Пехчево и тоа од на релација – Кочани преку Штип и автопатот Велес-Скопје до одредена локација во близина на ГП Блаце. Во близина на село Блаце, И.А. и В.М. заедно со лицата бил пречекан од пријавениот Р.И., кој ги превзел, а потоа ги предал лицата на други лица-нивни соработници да ги пренесат пеш преку македонско-косовската граница, а В.М. и И.А. се упатиле на ГП Блаце за да остварат легален излез од Р.Македонија. Но по известување од страна на македонските полициски служби пријавените заедно со лицата што ги преввезувале се пронајдени од страна на полициските службеници на ГП Хани Елези кои ги вратиле и предале на македонските полициски службеници на ГП Блаце.
По лишувањето од слобода, со лицата кои биле превезувани е извршен разговор и утврдено е дека исите пред тргнувањето на пријавените им исплатите 300 евра, а договорено било по пристигнувањето во Германија да им дадат уште 850 евра. Од истите одземени се патните исправи, а за едно лице е утврдено дека истиот е потенцијален барател на азил во Р.Македонија и не му е дозволен излез од Државава. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.