Европа
Продолжува потрагата по падот на авионот во француските Алпи

Потрагата прекината ноќеска, по падот на авионот „Airbus А320“, при што загинаа 150 луѓе, продолжи во среда утрото на југот на Франција, каде во текот на денот се очекува да пристигнат францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и шпанскиот премиер Мариано Рахој.
Потрагата прекината ноќеска, по падот на авионот „Airbus А320“, при што загинаа 150 луѓе, продолжи во среда утрото на југот на Франција, каде во текот на денот се очекува да пристигнат францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и шпанскиот премиер Мариано Рахој.
Повеќе десетици полицајци ќе се упатат на непристапното место во провансалските Алпи, на околу 1.500 метри висина, каде се урна леталото на нискотарифната подружница на „Lufthansa“, „Germanwings“ кое полета од Барселона за Диселдорф, со 144 патници и шест членови на екипажот, меѓу кои најбројни се Германци и Шпанци.
Илјадници делови на авионот се расфрлани низ планината, далеку од населената зона и патиштата, на околу 100 километри од Ница.
Во вторник, по надлетувањето на местото на несреќата која се случила од сé уште неутврдена причина, пет министри на француската, германската и шпанската влада зборуваа за драматични глетки.
„Тоа се страшни глетки, се работи за страна драма“, вели Френк Валтер-Штајнмајер, шефот на германската дипломатија.
Едната од двете црни кутии е пронајдена и пренесена во канцеларијата за истрага на несреќи со кои ќе се утврди причината за несреќата, вели обвинител од Марсеј за BFMTV.
Најдената кутија содржи разговори во пилотската кабина. Таа е делумно оштетена, но ќе биде искористена како извор на информации, вели министерот за внатрешни работи на Франција, Бернард Казанов за радио RTL.
Според него, треба да се земат во обзир сите околности, но можноста за терористички напад е исклучена.
Меркел, Рахој и Оланд се очекува да пристигнат на местото на несреќата околу 14 часот.
Во Шпанија е прогласена тридневна национална жалост, бидејќи во авионот загинаа 45 Шпанци.
Покрај нив, меѓу патниците биле и 67 Германци, двајца Австралијци, двајца Колумбијци, еден од Белгија. Според Копенхаген и Буенос Аирес, на авионот имало и еден Данец и двајца Аргентинци, додека Мексико верува дека имало и двајца Мексиканци.
Лондон јави дека најверојатно во авионот имало и Британци, а Токио во средата објави дека имало и двајца Јапонци кои живееле во Диселдорф./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин