Црна хроника
Љубе Бошкоски бара психијатриско-судско вештачење за судијата во „Ровер’
Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кој е обвинет за помагање во убиство побара психијатриско судско вештачење и изземање за судијата во случајот „Ровер“, Илија Трпков, со коешто ќе се утврдело дали тој може да го води овој процес, јавува репортерот на Макфакс од Основниот суд Скопје 1 .
Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кој е обвинет за помагање во убиство побара психијатриско судско вештачење и изземање за судијата во случајот „Ровер“, Илија Трпков, со коешто ќе се утврдело дали тој може да го води овој процес, јавува репортерот на Макфакс од Основниот суд Скопје 1 .
Бошкоски го нарече судијата „психички нестабилна личност“, а случајот против него го нарече „халуцинантен“, по што во судницата настана жестока кавга меѓу него и судијата Трпков. Бошкоски беше отстранет од судницата, а претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, ќе решава дали судијата ќе биде изземен од овој случај.
„Барам изземање на г-дин Илија Трпков поради необјективност во овој судски процес. Тој води монтиран политички процес, воден од лични страсти и побуди, не се води според начелото на правната наука. Тука се води пристрасен процес во кој брутално се крши Уставот (на земјата), не се почитуваат билатералните спогодби, што ги има потпишано Македонија со Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, за испорачување на нивните граѓани“, рече Бошкоски.
Според него, Зоран Трајковски „се држи во заложништво, класично киднапирање“.
„Треба да му се помогне на Трпков да се ослободи од стравот, за негово добро“, рече уште Бошкоски пред судот.
Судијата Илија Трпков изјави дека тој го води предметот „сосема коректно“ и појасни дека тој воопшто не одлучувал за притворот, туку за тоа одлучувал Апелациониот суд, а за продолжувањето на притворот одлучувал Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје.
„Претседателот на судот ќе одлучи за моето изземање, а јавноста виде колку знаење имате за правото“, му порача судија на Бошкоски.
На денешното судско рочиште требаше да се дадат завршните зборови, но адвокатот на Зоран Трајковски, Љупчо Веселиновски, побара најпрво Апелациониот суд да одлучи по нивната жалба за укинување на притворот на неговиот клиент, кој беше шеф на обезбедувањето на Бошкоски, додека овој беше министер за внатрешни работи во периодот од 2001 до 2002 година. Адвокатот смета дека Трајковски незаконски е држен во притвор две години од покренувањето на обвинението.
Судијата Илија Трпков изјави дека веднаш што предметот ќе му биде побаран од Апелација, тој ќе го предаде за да се одлучува во однос на притворот.
Обвинетите во случајот „Ровер“ во средата требаше повторно да дадат завршни зборови пред судот, откако Апелациониот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во центарот на Скопје во 2001 година.
За овој случај им се суди на десет лица, меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски кој првично беше осуден на 12 години затвор за ова дело.
Србите Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ, на кои им се судеше во отсуство, добија доживотна казна затвор, Зоран Трајковски, доби 10 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, добија по осум години затвор, Гоце Митревски и Никола Негриевски добија по шест години затвор.
Во завршни зборови, Oбвинителството се откажа од гонење на пет обвинети, тогашни помлади инспектори во Секторот за набљудување и документирање при МВР, поради недостиг од докази против нив.
Бошкоски неколку рочишта по ред го бојкотираше судењето, незадоволен што судот не постапил според меѓународните договори со Србија за испорачување на нивни граѓани, туку тројцата обвинети Срби за извршување на убиството, се бараат со потерница на Интерпол.
Бошкоски е обвинет за помагање на убиството, а моментално ја издржува затворската казна за случајот „Кампања“, во којшто е обвинет за нелегално финансирање на политичката кампања за претседателските избори во 2011 година./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

