Европа
Меркел не е за вооружување на Украина
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во вторникот дека нејзината влада нема да ја вооружува Украина за борба против рускојазичните бунтовници, и дека предност им дава на дипломатското решение со закани за построги економски санкции доколку се влоши ситуацијата.
Во неделата електронскиот издание на американскиот дневен весник The New York Times, објави дека главниот командант на силите на САД и НАТО во Европа, генералот Филип Бридлав, како и повеќе функционери од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама се наклонети кон обезбедувањето „воена помош во смртоносно оружје“ за Украина.
„Како што реков и вчера, Германија нема на Украина да и’ испрати никакво смртоносно оружје. Бараме дипломатско решение, а министрите за надворешни работи (на ЕУ) јасно рекоа дека доколку се влоши ситуацијата, неопходно ќе биде да се работи на натамошни санкции“, ја пренесе агенцијата DPA изјавата германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција не прецизирајќи дали станува збор за санкциите против Русија којашто Западот ја обвинува за наводно за мешање во украинската криза.
Во понеделникот, шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер изрази уверување дека доколку се случи американска испорака на оружје за украинската војска ќе се зголеми бројот на жртвите. „Нема воено решение за конфликтот, тоа им го предочувам, меѓу другите, и на американските пријатели кои го разгледуваат снабдувањето со оружје. Доколку тоа се оствари ќе има многу повеќе загинати. Решавањето на судирот во Украина мора да се бара преку преговори. Сегашните политички решенија да заживеат на преговарачката маса, а никогаш преку нишан“, изјави Штајнамер на регионалната конференција на Социјалдемократската партија (SDP) во Нирбнберг. Законот кој го донесе Конгресот на САД едногласно кон средината на декември одобрува нови санкции против Русија и испорака на смртоносно оружје за Украина. Испораката на такво оружје од САД во Украина беше можна веднаш, но е во надлежноста на американскиот претседател кој засега се противи и одобри само помош во радари, возила, опрема за деминирање, ноќни визири, панцирни елеци и противминофрлачки радари.
САД во моментов ја разгледуваат можноста за вооружување на Украина со смртоносно оружје за борба против рускојазичните бунтовници, соопштија неименувани функционери, но истакнуваат дека таквата одлука сé уште не е донесена „Тоа повторно се разгледува“, рекол за Reuters еден висок американски владин функционер за разговорите во администрацијата на претседателот Барак Обама за тоа дали треба да се вооружат украинските сили. „Сé уште не се знае како тоа ќе заврши“, додал.
Функционер на американската администрација кој зборувал за Associated Press, ја потврдил информацијата којашто претходно ја објави весникот The New York Times за можното давање смртоносно оружје за Украина. Според него „кај Обама уште има сомневања во врска со оваа одлука“. Претседателот, како што истакнал соговорникот на агенцијата „исто така е загрижен дека никакво количество оружје украинските војници не може да ги стави на исто ниво со руската војска“. Сепак, Белата куќа е подготвена да го преразгледа проблемот „поради неодамнешната ескалација на конфликтот“ меѓу украинските владини и бунтовничките сили
Американскиот државен секретар Џон Кери во четврток ќе престојува во Киев на разговори со украинските власти, а истиот ден во Брисел ќе се сретнат министрите на одбрана на земјите членки на НАТО.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во декември рече дека носењето на тој закон во Конгресот претставува „непријателски“ акт кон Русија, иседувајќи ја „разулавената желба Русија да биде казнета за сите можни и невозможни престапи“.
Доколку биде донесена одлука за испорака на смртоносно оружје од САД за Украина, ескалацијата на насилствата во југоисточниот дел од земјата ќе се зголеми, изјави во вторникот претседателот на Советот на (Руската) Федерација за меѓународна политика, Константин Косачев. Тој истакна дека ескалацијата на тензиите во југоисточна Украина им оди на рака на властите во Киев, бидејќи „го одложува моментот кога треба да одговорат на непријатното прашање“ за тоа дека и по една година на власт не донесоа стабилност и подобрување на ситуацијата во земјата, пренесе агенцијата ТАСС./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
ФТ: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин
Европа
Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат МиГ-31“
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските пилоти да украдат авион МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета Кинжал за 3 милиони долари, објавија државните медиуми.
Новинската агенција РИА го цитираше ФСБ како вели дека киднапираниот авион требало да биде пренасочен кон воздухопловната база на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би можел да биде соборен од воздушната одбрана, соопшти агенцијата.
ФСБ, главниот наследник на КГБ од советската ера, вели дека Украина и Велика Британија планирале голема „провокација“ користејќи го киднапираниот авион и дека украинските воени разузнавачки службеници се обидувале да ги намамат руските пилоти за 3 милиони долари за да го украдат авионот.
„Преземените мерки ги осуетија плановите на украинското и британското разузнавање за голема провокација“, цитираше РИА функционер на ФСБ.
Државната телевизија емитуваше фотографии од пораки и снимки од човек за кој се вели дека работел за украинската и британската разузнавачка служба и му понудил 3 милиони долари на руски пилот да лета со МиГ до Европа и дека на пилотот му е понудено државјанство.
Рускиот Кинжал е балистичка ракета лансирана од воздух што Москва ја нарекува хиперсонична, способна за големи брзини и маневрирање на патеките на летот за да им го отежни на воздушната одбрана следењето и пресретнувањето.
Русија долго време ја смета Велика Британија за свој главен непријател. Москва го обвинува Лондон за поттикнување на војната во Украина, а британското разузнавање за помагање на Украина да започне серија операции длабоко на руска територија.
Велика Британија ја смета руската инвазија на Украина за империјално присвојување на земјиште. Лондон постојано предупредува дека руското разузнавање се обидува да посее хаос низ Велика Британија и Европа за да ја поткопа демократијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта
Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на локалните канали на Телеграм кои споделија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во објектот.
Гувернерот на областа Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми објавија дека по инцидентот привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.
Ukrainian attack drones just successfully struck Russia's Saratov oil refinery, setting the facility ablaze.
The refinery, owned and operated by Russia's Rosneft, processes about 7 million tons of crude oil per year. pic.twitter.com/9S9Qn45YfF
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 10, 2025
Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени деривати, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.
Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт.
Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.
фото: принтскрин

