Компании
McCann најуспешен на фестивалот Golden Drum
На фестивалот“Golden Drum агенциската мрежа McCann за централна и источна Европа, во чии рамки работат и агенциите во составот на I&F McCann Grupa, е прогласена за најдобар комуникациски систем во овој дел на Европа.
На фестивалот“Golden Drum агенциската мрежа McCann за централна и источна Европа, во чии рамки работат и агенциите во составот на I&F McCann Grupa, е прогласена за најдобар комуникациски систем во овој дел на Европа.
За освојувањето на ова значајно признание придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана кои работат во рамките на I&F McCann Grupa освојувајќи една златна (Golden Drum) и две сребрени награди (Silver Drum).
„Наградата која McCann ја доби за најдобра агенциска мрежа во централна и источна Европа е само потврда за квалитетот на работата на сите McCann агенции. Горд сум што кон тој успех придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана освојувајќи награди на “Golden Drum” фестивалот. Нашата визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнер и покрај најдобрата услуга да бидеме агенција чии кампањи се препознатливи по својата креативност”, рече по повод овој успех Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Grupa.
Кампањата „Драма во такси” која агенцијата McCann Белград ја направи за Југословенскиот драмски театар освои златна награда (Golden Drum) во категоријата филм (ТВ, кино и онлајн) и сребрена награда (Silver Drum) во категоријата на директни кампањи.
Агенцијата McCann Тирана, која исто така работи во рамките на I&F McCann Grupа, освои сребрена награда (Silver Drum) во категоријата настани, за кампањата „Ги почитуваме и живите“ посветена на подигнување свесност за безбедност во сообраќајот и е прва агенција од Албанија која добива награда на Golden Drum.
Фестивалот Golden Drum во Порторож е еден од најважните фестивали за рекламирање во овој регион на кој традиционално учествуваат најдобри светски агенции. Оваа година се одржа јубилејното дваесет и прво издание во организација на Словенечката огласувачка комора. На фестивалот учествуваа 30 агенциски мрежи и 291 агенции од 24 држави кои вкупно пријавија 1.220 трудови.
„I&F McCann Grupа ” е една од водечките комуникациски мрежи во југоистична Европа која успешно работи во осум земји: Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Словенија и Бугарија. На меѓународните, регионалните и локалните клиенти им обезбедува најквалитетни стратешки и креативни решенија за развој на нивните брендови, преку сите канали на комуникација.
Агенциите кои работат во рамките на „I&F McCann Grupа” се дел „McCann Worldgroup“ (www.mccannworldgroup.com), една од најголемите меѓународни мрежи која денес работи со повеќе од 120 земји во светот, со традиција долга 111 години и која работи во рамките на „Interpublic Group (IPG)“ (www.interpublic.com), најстарата американска мултинационална комуникациска корпорација со седиште во Њујорк./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

