Контакт

Надворешна политика

Подобра соработка меѓу Владата и невладиниот сектор – еден од приоритети по извештајот на ЕК

Објавено пред

Соработката помеѓу Владата и граѓанскиот сектор е од огромно значење за евроинтеграциите на Македонија, а на дискусијата со претставниците од невладините организации вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими истакна дека важно е да се покаже проактивност во поглед на сето она што е посочено од страна на Европската комисија (ЕК) во својот последен извештај.

dobivaj vesti na viber

 

Според Андреја Стојковски од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), во извештајот е нотирано дека граѓанскиот сектор во земјата започнал со меѓусебна организација и она што е потребно сега е да има соодветна реакција од страна на Владата за да се подобри меѓусебната комуникација, нешто што во моментов изостанува.

 

Конкретните забелешки од извештајот, според Стојковски можат да се решат само преку покажување на конкретна политичка волја, а прашањето да дали ова мислење го делат и надлежните.

 

„Што се однесува до извештајот, ова е најлошиот извештај досега, во коментарите вообичаено стојат негативни работи, во забелешките има и позитивни работи, не можеме да очекуваме дека НПАА (Националната програма за усвојување на правото на Европската унија) за 2015 година ќе ги поправи работите. Комисијата во извештајот кажува дека имаме законодавство но дека немаме имплементација на законодавството, а згора на тоа имаме и политичка волја која не води во сосема спротивна насока. Има ли политичка волја да се променат работите, ова не зависи само од вас туку и од волјата и ангажманот на граѓанското општество. Жалам поради тоа што препораката е дадена, бидејќи таквата препорака е препорака за безизлез“, смета Стојковски.

 

Според Бесими, по самото објавување на извештајот, надлежните институции веќе се насочени кон решавањето на сите посочени проблеми.

 

„Да го цитирам Хенри Форд, „да бидете заедно е почеток, да останете заедно е прогрес, а да работите заедно е успех“. Ние првата фаза веќе ја надминавме уште минатата година, по една година сме заедно и тоа е прогрес, меѓутоа нас ни недостига успехот во нашата соработка, во однос на владиниот и невладиниот сектор“, изјави Бесими.

 

„Граѓанските организации се различни меѓутоа и пристапот кон граѓанскиот сектор треба да биде поинаков, односно тие да се поддржува во своите капацитети“, порача пак Љуљзим Хазири од Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ).

 

Бесими согласен дека комуникацијата со граѓанскиот сектор треба да биде посистемски организирана, што ќе придонесе за поголем успех при вршењето на истата.

 

„Соработката со граѓанскиот сектор има потреба за посистемски пристап, тоа е важно за успехот во комуникацијата, како во извештајот на ЕК, така и во политиките на владата. Секако дека за еден системски пристап во комуникацијата меѓу владините институции и невладиниот сектор е важен, ова важеше и минатата година за извештајот за ИПА 2 фондовите, ланскиот пристап имаше успех“, вели Бесими.

 

Новитет во владината стратегија за соработката со граѓанскиот сектор е и воспоставувањето на Советот за соработка со граѓанското општество, кој според предвиденото би требало да започне да функционира на почетокот на идната година.

 

„Втората владина стратегија за соработка со граѓанскиот сектор е воспоставување на Совет за соработка со граѓанското општество, којшто ќе биде составен од претставници на државните органи и на невладините организации. Веќе се работи на подготвување на одлуката за воспоставување на овој Совет, а се очекува одлуката до крајот на декември да биде усвоена од Влада, а потоа Советот ќе започне со оперативност на почетокот на 2015 година“, изјави Александра Вуковиќ од СЕП./крај/мф/бс

 

Извор: Текст/Макфакс Фото/МИА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Приведен поранешен раководител на УЈП во акција поврзана со дискотеката „Пулс“

Во полициска акција приведен е поранешен раководител на подружница на УЈП, а опфатени се повеќе службеници и вработени, во рамки...

Македонија2 часа

Одрони, зголемен водостој на реките, расчистување на наносите: поради обилните дождови, интервенирано на повеќе локации во државата, соопшти ЦУК

Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите на Регионалните центри за управување со кризи интервенирале на повеќе критични локации низ...

Економија2 часа

Нема промени во делот на наплатата на ДДВ при приемот на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ, извести Минстерството за финасии

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој...

Македонија3 часа

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...

Европа3 часа

Полска го крена нивото на тревога; Министерот за надворешни: Ова не е саботажа, туку тероризам

Полска сè повеќе станува цел на напади. По саботажата на стратешки важна железничка рута, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски...

Македонија3 часа

(Видео) „Јорданов се пишмани – Општина Штип ќе го продаде ‘Дино паркот’ од 800.000 евра на приватен бизнисмен“, велат од партијата Левица

„Штипскиот Дино парк да падне во рацете на приватен бизнисмен преку јавно – приватно партнерство, односно да се издава под...

Свет4 часа

Сопругот на убиената Србинка во САД призна дека го распарчил нејзиното тело

Брајан Волш, маж од Масачусетс на судењето за убиството на неговата сопруга Ана, родена во Србија, во 2023 година, оваа...

Свет4 часа

(Видео) Читач од усни открива што рекол Илон Маск за саудискиот принц на гала-вечерата: Трамп ќе полуди

Илон Маск, кој драматично ги влоши односите со Доналд Трамп пред шест месеци, сега се чини дека е повторно во...

Свет5 часа

Мамдани оди кај Трамп во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, во Белата куќа овој...

Свет5 часа

Песков: Разговор меѓу Путин и Трамп може да се организира во секое време

Телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп може да се организира во секое време,...

Свет6 часа

(Видео) Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе по ерупцијата на вулканот Семеру

Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе и им помогнаа на 170 алпинисти кои беа заглавени по ерупцијата на вулканот...

Свет6 часа

Трамп потпиша закон со кој се овластува отворање на досиејата на Џефри Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека потпишал закон со кој се овластува објавување на досиејата на Џефри Епштајн. Материјалите...

Свет6 часа

(Видео) Израелски војници се истепаа во база, снимката стана вирална

Тепачка избувна меѓу израелски војници во воена база во северен Израел, објавија локалните медиуми. Видео што кружи на интернет ги...

Македонија19 часа

(Видео) „Ги чекаме децата да се појават и да кажат ‘Каде си ма мајче?’“ – мајките на загинатите во „Пулс“ дојдоа на судењето, лути се на бранителите на обвинетите

Со гнев, тага и болка почна судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, каде животите ги загубија 63 млади луѓе....

Македонија21 час

Пропустите кај овој човек се шокантни, со докази ќе покажеме што сѐ бил спремен да направи за профит, рече обвинителот за сопственикот на дискотеката

По повеќе од четири часа евиденција на сите присутни, попладнево почна судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со 63...

Македонија23 часа

(Фото) Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња

Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња кај бањата „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане. „На 19.11.2025 година,...

Македонија23 часа

(Видео) Со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ ќе се ситат и ќе земаат крвави пари, прашува таткото на загинатиот Андреј Стојанов

„Јас сум родител на едно од трагично убиените деца“, изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот...

Топ1 ден

Кривична против инвеститорот и четири лица од Општина Струга: со несовесно извршување на службената должност придонеле да биде оштетена спомен-куќата музеј „Владо Малески“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н. К. (53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено...

Македонија1 ден

(Фото) Општината ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ во Аеродром и ќе им прати фактура на сопствениците

Општина Аеродром почна со чистење на запуштениот простор кај поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром. „Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат...

Македонија1 ден

(Фото) Дали ќе трае пет месеци или пет години – никој не може да каже, рече судијката Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за „Пулс”

Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Диана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската...