Црна хроника
Во Црн Дрим најден пиштол
На дното на Црн Дрим, полицијата пронашла пиштол, кој ќе биде вештачен за да се установи дали е употребуван во некое кривично дело.
Како што соопшти полицијата, во вторникот, од 11 до 13 часот полициски службеници од НККР-Струга и полицијата од Велешта извршен бил преглед и претрес на терен од ресторан „Софра“.Кон селото Ташмаруништа, во водите на реката Црн Дрим во непосредна близина на мостот, на длабочина од околу 3 метри бил изваден пиштол, непозната марка и калибар, сребрена боја.Од страна на крим.техника истиот е фотографиран и предаден на понатамошно вештачење.Инаку, на 13 декември во селото Долна Белица се случи убиство на едно лице, а рането беше уште едно лице. Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Б.(45) и Е.Б.(30) двајцата од село Велешта и против три непознати лица поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материјали“. Пријавените се осомничени дека на 13.12.2015 година, со огнено оружје го убиле Ф.И.(23) од село Долна Белица, а го раниле неговиот брат П.И.(18) од село Долна Белица.Истрагата треба да покаже дали најдениот пиштол бил користен во ова кривично дело./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

