Регион
Албанска опозиција: Рама е одговорен за четирикратното убиство во Тирана
Опозициската Демократска партија на Албанија во средата го обвини албанскиот премиер Еди Рама за покривање со имунитет на четирикратниот убиец Констандин Џувани, син на пратеничката Луиза Џувани.
Претставникот на Демократите, Алдо Бумчи изјавил дека и пред убиствата во вторникот, Констандин Џувани имал бројни криминални дејствија, но бил покриен со имунитетот на неговата мајка, која е пратеник албанскиот Парламент.
Властите го штитеа убиецот и покрај тоа што тој требаше да одговара за бројни дела и убиства, изјавил Бумчи и додал дека токму Рама е тој кој со имунитет го оневозможил делувањето на институциите. /крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.