Црна хроника
Двајца пожарникари загинаа во пожар во Бостон

Двајца пожарникари загинале во четвртокот при гаснење пожар во една станбена зграда во Бостон, во сојузната држава Масачусетст, пишува весникот The Boston Globe.
Според последните податоци, покрај 33 и 43-годишниот пожарникар, во огнената стихија се повредени уште 18 други лица. Меѓу нив, петмина се пожарникари кои се здобиле со изгореници при справувањето со пожарот.
Пожарот избил во раните попладневни часови по локално време, на долните катови од станбената зграда, по што пламенот ги зафатил и горните катови. Дејствувањето на противпожарната служба го отежнувал ветерот кој дувал со повеќе од 60 километри на час што придонело за брзо проширување на пламенот. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.