Европа
Еден од лидерите на германската Левица доби торта в лице.ВИДЕО
Врз една од челничките на пратеничката група Левица во германскиот парламент, Сара Вагекнехт, фрлија торта, пишува во саботата Der Spiegel.
Инцидентот се случил на партискиот конгрес на Левица во Магдебург. Според медиумските извештаи, напаѓачот е антифашистички активист. Самиот тој својот гест го опишува како „антифашистичка иницијатива Торта за човекомрасците“, пишува на својата интернет страница Der Spiegel.
Според весникот, имало неколку активисти и тие растурале летоци во салата во кои пишуваат за „национален консензус“ меѓу крајно левата партија Левица и партијата од крајната десница Алтернатива за Германија (AfD). И двете партии истапуваат против засилените доселувања и доминацијата на имигрантите во Германија, и според активистите се обидуваат „да го пренесат народниот гнев во политички рамки“.
Моментот на нападот е снимен на видео и поставен на интернет. Активистот кој ја фрла тортата врз Вагенкнехт, е фатен од обезбедувањето. По инцидентот сопартијците ја затскриле Вагенкнехт и ѝ помогнале да излезе од салата,
Вагенкнехт е позната по своите изјави против доселеничките политики на владата во Берлин. Таа, исто така, се залага за укинување на европските санкции против Русија, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го нарече „кумот на тероризмот“ и ја повикува Европа да ги запре „настојувањата на САД да отвораат војни по целиот свет“./крај/мф/сн
Извор: Spiegel
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Од вечерва голем штрајк во Белгија: голем број летови се откажани или одложени
Во Белгија од вечерва во 22 часот до утревечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците поради плановите за реформа на пензискиот систем, јавија белгиските медиуми.
Синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, Националната затворска служба и други области повикаа на генерален штрајк поради пензиската реформа која најверојатно ќе ја спроведе идната влада.
Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот градски превоз во Брисел значително ќе биде намален, објави „Brussels Times“.
Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.
Во штрајкот ќе учествуваат и над 20 илјади наставници.
Европа
(Видео) Се судрија два трамваи во Стразбур: повредени најмалку 20 лица
Најмалку 20 лица се повредени при судир на два трамваи во Стразбур, во источна Франција, пренесуваат француските медиуми.
Несреќата се случила откако машиновозачот не ги почитувал знаците и завршил на погрешна пруга пред директно да се судри со неподвижен трамвај.
🚨🇫🇷BREAKING: TRAM COLLISION IN FRANCE LEAVES 20+ INJURED
2 trams collided at a station in Strasbourg, France, near the border of Germany, leaving dozens injured.
Emergency services are on site, cause is unknown.
Source: CNN, BBO, CNews
pic.twitter.com/O9yPAbma7J— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 11, 2025
Според првичните проценки, пет лица се тешко повредени.
Противпожарната и спасувачката служба на Bas-Rhin потврди дека бројни ресурси се мобилизирани и се на лице место.
Европа
Зеленски: 34 земји ветија дека ќе ѝ помогнат на Украина, очекуваме 2 милијарди долари
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека последната од серијата состаноци со западните сојузници во Германија резултирала со ветувања за дополнителни 2 милијарди долари воена помош во војната против Русија.
Зеленски, во изјава за телевизискиот канал „Моја Украина“ по вчерашната средба, даде неколку детали за помошта, велејќи дека 34 земји ветиле поддршка во различни аспекти.
Тој го оцени состанокот како многу добар, истакнувајќи дека на Украина и биле ветени дополнителни пакети за поддршка во вредност од две милијарди долари, кои вклучуваат воздушна одбрана, информатичка технологија, технологија за деминирање, а поддршката важи и за поморските и воздушните сили и артилерија. „И сето тоа ќе ја зајакне Украина“, рече Зеленски, без да открие за кои земји станува збор.
Зеленски вчера беше на средба со сојузниците во американската воена база во Рамштајн, Германија, на која беше спомената висината на помошта во вредност од околу половина милијарда долари. Украинскиот лидер потоа се состана со италијанската премиерка Мелони во Рим, со која разговараше за подобрување на воздушната одбрана на Украина и напорите за формирање унифицирана позиција насочена кон придвижување кон решавање на војната.
Ројтерс објави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјавил дека Вашингтон ќе и обезбеди на Украина дополнителна воена помош од 500 милиони долари, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана, муниција воздух-земја и опрема за поддршка на борбени авиони Ф-16.