Скопје
„Вино Скоп“ почнува во среда
Осмиот фестивал на виното „Вино Скоп“ ќе биде отворен во среда, 24-ти септември и ќе трае до недела, 28-ми септември. Оваа година манифестацијата ќе се одвива на плоштадот „Карпошово востание“, до Камениот Мост.
Осмиот фестивал на виното „Вино Скоп“ ќе биде отворен во среда, 24-ти септември и ќе трае до недела, 28-ми септември. Оваа година манифестацијата ќе се одвива на плоштадот „Карпошово востание“, до Камениот Мост.
На фестивалот ќе учествуваат над 40 македонски винарии, а новитет е што посетителите ќе имаат можност да пробаат и вински коктели како сангрија и вино мохито на штандот „Wine and Cheese“.
„Од досегашното искуство на овој фестивал се покажа дека Македонците пијат повеќе црвено вино и тоа од сортите Мерлот и Вранец, додека од белото вино најпопуларни се Траминец и Мускат. Низ годините и вековите , убавата географска положба и многуте сончеви денови прават македонското вино да биде меѓу најквалитетните во светот, а сето тоа надополнето со убавата музичка програма ветува уште една незаборавна фестивалска година. Но, доброто вино не оди и без добра храна, па така гурманите во посебниот „Food Corner“ ќе може да дегустираат од најдобрите сувомесни и млечни производи кои одлично одат со чаша вино“, изјави Сандра Темова, дел од организацијата на годинешниот фестивал.
Фестивалот ќе биде отворен утре во 18 со Дј Тина, веднаш по неа од 21 се етно метал бендот Хроматик Поинт, а браќата Тавитијан ќе настапат со својот проект „Македонското срце чука во 7/8 такт“ со специјалниот гостин Аки Рахимовски од Парни Ваљак кој ќе ги изведува старите македонски народни песни.
Вечерта свое обраќање ќе направат винските витези од Република Македонија, а фестивалот официјално ќе биде прогласен за започнат од страна на градскиот татко, господинот Коце Трајановски.
На „Вино Скоп“ по долго време со концерт се враќаат Дарио и Миг 21, а ќе настапат и Фолтин, Куку Леле, Митан Проџект, Бени и Нон Стоп, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Уска Кан Оркестар и многу други.
Паркингот до Музејот на холокаустот ќе биде отворен 24 часа за посетителите, а организаторите како и винариите учесници ветуваат добра музика, дегустација на врвни вина по цени за сечиј џеб, деликатесно мезе во катчето за храна и пет дневна забава до утринските часови.
Мотото на фестивалот и овој пат е „Бидете дел од една различна приказна“, а покровител и на оваа осма традиционална манифестација е Град Скопје.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

