Регион
Во Грција од јануари влегле 230.000 имигранти

Повеќе од 23.000 мигранти влегле во Грција од јануари годинава, додека во истиот период минатата 2014 година нивниот број изнесувал 17.500, изјави во четвртокот помошникот министер за трговска морнарица Никос Зиос.
„Повеќе од 80 отсто од нив се бегалци“ кои имаат право на политички азил, изјави Зиос на прес-конференцијата во Атина.
„Станува збор за неверојатно зголемување и не знам како тоа би можело да се промени“, додаде Зиос истовремено додека Грција е критикувана и однатре и однадвор поради тоа што потфрли во прифаќањето на мигрантите.
Овој притисок на мигрантите врз Грција, а од таму и врз Македонија чија јужна граница само од средината на јуни до крајот на август ја минале над 50.000 мигранти според официјалните податоци на министерството за внатрешни работи, е последица од зајакнатите контроли на поморската граница меѓу Либија и Италија, коишто Европската унија по низата давења на мигрантите во април околу италијанскиот остров Лампедуза.
Министерот Никос Кростодулакис претходно во четвртокот ги повика Грција „да понудат што е можно повеќе помош во прифаќањето на азилантите, во голем број Сиријци“. Особено апелираше до бродосопствениците да ги стават на располагање своите бродови како засолништа за мигрантите и за да можат да биде префрлани од островите во Егејското Море./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.