Црна хроника
Викендов 16 сообраќајки во Скопје, 13 лица повредени

Тринаесет лица се повредени во шеснаесет сообраќајни незгоди што се случиле во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во нив тринаесет лица се здобиле со телесни повреди.
Во саботата, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, шест завршиле само со материјална штета, а во две имало повредени лица, односно со телесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило, еден пешак и двајца сопатници.
Се случила и една незгода со тешки телесни повреди. Истата се случила околу 2 часот и 15 минути во саботата на крстосницата од ул. „11 Октомври” и ул. „Филип Втори Македонски” во која учествувале две патнички моторни возила „БМВ” и „голф” и двете возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „голфот” (28), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи на моторните возила.
На 27-ми април, недела, се случиле седум сообраќајни незгоди. Од нив, три завршиле со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои биле повредени еден возач на моторно возило, еден сопатник во патничко моторно возила, двајца возачи на мотоцикли и двајца сопатници на мотоцикли.
Во текот на изминатиот викенд од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи коишто не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците и пет возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Зајас трагично загина во несреќа со трактор

Педесет и двегодишниот Џ.М. бил најден под трактор во кичевското село Зајас, на шумски пат.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од возилото, велат од МВР.
Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Црна хроника
Кумановци осомничени за незаконско снимање на полицијата за време на 2 Август, најдени 15 дронови

Кумановската полиција денес изврши претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), двајцата од Куманово, како и во просториите на фирма во сопственост на Д.Г. Претресите се спроведени поради сомнение за злоупотреба на лични податоци и за неовластено снимање.
Сомнежите произлегле од видео-снимки објавени на социјалните мрежи на почетокот на август, на кои со дрон била снимена зградата на кумановската полиција, службени возила и физичкото обезбедување за време на свеченоста по повод државниот празник 2 Август – Илинден.
При претресот кај Д.Х. е пронајден еден дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет на понатамошна постапка. Во домот на Д.Г. се пронајдени 14 дронови.
Со двете лица се извршени службени разговори во полициска станица. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.