Црна хроника
Српска државјанка протерана поради непријавен престој и работа во локал во Кичево

Дваесет ичетиригодишна државјанка на Србија е прекршочно санкционирана, откако било откриено дека нелегално престојува во Македонија и е работи во угостителски објект.
Девојката е откриена во рамките на акцијата што деновиве ја реализираа полициските службеници од граничната полиција од регионалниот центар Запад, преку одделението за прекуграничен криминал при што бил проверуван и угостителскиот објект „Кеш“ на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево.По поднесената прекршочна пријава согласно законот за странци, основниот суд во Кичево на А.Б.од српскиот град Рашка ’ изрекол прекршочна санкција протерување од Република Македонија во времетраење од една година односно мерката „Откажување на престојот со забрана за влез во Република Македонија во рок од една година“. Во текот на минатиот месец, граничната полиција од регионалниот центар Запад во угостителски објект „Багдад“ во Велешта затекна две албански државјанки кои работеле како естрадни уметнички и имале нелегален престој со што извршиле злоупотреба на туристичкиот престој во Република Македонија за нелегална работа. Нив им е изречена парична казна од 250 евра и забрана за влез во Република Македонија во времетраење од една година. /крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Од плажа на брегот на Охридското Езеро во болница е донесен починат маж од Босна и Херцеговина: телото дадено на обдукција

Вчера во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од 54-годишниот С.Д., патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од 31-годишниот Д.Р. и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А..
Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.
Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.
Црна хроника
Уапсени две 17-годишни момчиња од Прилеп, биле фатени при кражба во црква

Денеска во 04.35 часот на улицата „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп.
Тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба.
Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.