Црна хроника
Запленети 300 кг марихуана во Струга, уапсени три лица од кои двајца полицајци

Триста килограми марихуана заплени полицијата и уапси три лица во село Радожда, струшко, во понеделник, со што е пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана од Албанија до земјите во западна Европа, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Вчера околу 15 часот, по претходно добиена информација за сомнителни активности во близина на село Радожда, Струга, полицијата поставила заседа во близина на местото викано Ледиње каде што биле забележани девет полни патнички торби.
Околу 16.30 часот од страна на полициските службеници било забележано едно патничко моторно возило со кичевски регистерски таблички и две лица кои се приближиле до патничките торби и започнале да ги товараат торбите во возилото.
По реакција на полициските службеници, уапсени се А.А (42) и Л.М. (33) двајцата од Кичево, од кои Л.М. е полициски службеник во полициската станица за обезбедување на државната граница „Стрезимир”.
По извршениот преглед на патничките торби утврдено е дека истите се полни со 206 пакувања марихуана облепени со кафеава селотејп трака, со вкупна тежина од околу 300 килограми.
Според досегашните сомненија истата потекнува од Албанија и со кајче била илегално внесена во земјава. Запленетата марихуана најверојатно била намената за продажба на нарко пазарот во земјите на западна Европа, каде би достигнала цена меѓу еден до два милиона евра во зависност од тоа дали би се продавала на големо или на мало.
Во разговор со полицијата, А.А. рекол дека имал претходен договор со друг полициски службеник И.Г. (32) во ПС за ОДГ „Стрезимир” кој му дал инструкции каде да ја преземе марихуаната. Врз основа на инструкциите, заедно со полицискиот службеник кој е приведен на лице место, за паричен надомест од 9.000 евра, наводно требало да ја транспортира марихуаната до Кавадарци каде што требало да ја преземе друго лице./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Зајас трагично загина во несреќа со трактор

Педесет и двегодишниот Џ.М. бил најден под трактор во кичевското село Зајас, на шумски пат.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од возилото, велат од МВР.
Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Црна хроника
Кумановци осомничени за незаконско снимање на полицијата за време на 2 Август, најдени 15 дронови

Кумановската полиција денес изврши претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), двајцата од Куманово, како и во просториите на фирма во сопственост на Д.Г. Претресите се спроведени поради сомнение за злоупотреба на лични податоци и за неовластено снимање.
Сомнежите произлегле од видео-снимки објавени на социјалните мрежи на почетокот на август, на кои со дрон била снимена зградата на кумановската полиција, службени возила и физичкото обезбедување за време на свеченоста по повод државниот празник 2 Август – Илинден.
При претресот кај Д.Х. е пронајден еден дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет на понатамошна постапка. Во домот на Д.Г. се пронајдени 14 дронови.
Со двете лица се извршени службени разговори во полициска станица. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.