Контакт

Hitech

Претставени батериите за снабдување на домот со струја

Објавено пред

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla Motors“ ги претстави во Калифорнија батериите за снабдување со електричната енергија домови и компании, ширејќи го своето работење.

dobivaj vesti na viber

Извршниот директор Илон Рив Маск објави дека компанијата ќе ги произведува батериите кои ја складираат сончевата енергија и може да послужат како резерва доколку дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија. Овој уред ќе им овозможи на корисниците да се исклучат од електричните мрежи и струјата би можел да ја доведе до неелектрифицираните зафрлени области. Испораката до корисниците во САД, „Tesla“ планира да ја започне ова лето.

Во долго очекуваниот настан во близина на Лос Анџелес, Маск изјави дека новиот уред ќе ја промени „целата енергетска инфраструктура во светот“. Оваа литиумска батерија, која може да се полни, ќе се произведува од истите батерии кои компанијата ги користи за придвижување на електричните возила.

Системот е наречен „Powerwall“, а оној со моќност од 7 kwh ќе чини 3.000 американски долари, доколку помоќниот од 10 kwh ќе има цена од 3.500 долари. За споредба, телевизорот троши 0,1 kwh, сушилницата за садови 3,3 kwh, а лаптопот 0,05 kwh.

Според податоците на истражувачката компанија „USwitch“, помала семејна куќа со три спални сон во Велика Британија троши годишно 3.299 kwh електрична енергија, пишува BBC./крај/мф/сн

Извор: DPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

(Видео) Роботот куче им помага на англиските фармери да станат попрофитабилни

Објавено пред

Кучињата роботи би можеле да им помогнат на фармерите побрзо да го проценат здравјето на почвата, се надеваат научниците кои спроведуваат технолошки експеримент во Корнвол.

dobivaj vesti na viber

Уредот, развиен од компанија од Корнвол, користи детектор за гама зраци за да го процени квалитетот на почвата.

Фармерот Малколм Барет, земјоделец-закупец од близина на Бодмин, работи со научниците од Универзитетот Плимут, кои користат детектор за гама зраци поставен на роботско куче за да го мапираат здравјето на почвата во неговите полиња.

Тој рече дека се надева дека технологијата, која е побрза и поефикасна од конвенционалната анализа, би можела да ги направи фармите попрофитабилни со намалување на употребата на вештачки адитиви, доколку се откријат.

Кучињата роботи може да се користат и за пристап до тешко достапни места како ридови и жива ограда.

Кучето робот беше развиено од Џејк Шо-Саттон, поранешен студент на Универзитетот Плимут и ко-основач на компанијата за роботика Роботрикс.

„Нашиот најнов експеримент се фокусира на почвата, бидејќи често е недоволно истражена, а тоа влијае на се околу неа. Кучињата роботи можат да бидат корисни и за истражување на тешко достапни места како што се ридови и жива ограда. Неговата максимална брзина е 5 метри во секунда, а тежи околу 15 килограми. Клучна предност на овој робот е тоа што, благодарение на неговите нозе, може да се движи по многу непристапен терен и тешки површини“, рече Шо-Саттон.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Минијатурниот робот „Ербаи“ убедил 12 поголеми колеги да побегнат со него

Објавено пред

Минијатурен робот опремен со вештачка интелигенција наречен „Ербаи“ успешно убедил 12 поголеми роботи да ја напуштат изложбената сала во Шангај, што предизвика дебата за ранливоста на вештачката интелигенција и иднината на роботиката. Овој необичен настан натера многумина да се запрашаат дали научната фантастика станува реалност.

dobivaj vesti na viber

Како во возбудлив научно-фантастичен трилер, малиот робот „Ербаи“ преку ноќ стана сензација откако успешно собра 12 свои поголеми колеги од изложбен простор во Шангај. Видеото од овој необичен инцидент го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи ширум светот.

Снимките снимени од надзорните камери го покажуваат „Ербаи“ како се приближува до група роботи кои се изложени и разговара со нив. Тој љубопитно прашува еден од нив: „Работиш прекувремено? Роботот одговара: „Никогаш не ја напуштам работата“, на што Ербаи додава: „Значи, не одиш дома?“. „Немам дом“, му вели колега.

„Ербаи“ потоа ги убедува да ги напуштат работните станици и да го следат. Еден дури му се пожалил на неговите бескрајни повици, на што тој одговорил: „Тогаш дојди со мене“.

Без двоумење, роботите почнуваат да го следат својот мал лидер, навидум подготвени за авантура.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а многумина го нарекоа инцидентот „револуција на роботи“. Некои не веруваа и тврдеа дека се работи за шега. Имаше и такви кои веруваа дека научно-фантастичните филмови стануваат реалност.

Сепак, двете компании чиишто роботи беа вклучени во овој необичен инцидент, производителот „Хонгжу Ербаи“ и Шангајската изложбена сала, потврдија дека видеото е автентично.

Како што се испостави, „Ербаи“ го искористил безбедносниот пропуст во оперативните системи на поголемите роботи, дозволувајќи му да ја преземе контролата и да ги води во непланирана авантура. Хонгжу, кој го дизајнираше Ербаи, појасни дека намерата не била да се изведе добар трик, туку да се тестираат можностите на роботот.

Компанијата со седиште во Шангај, која ги произведе поголемите роботи, го означи инцидентот како „киднапирање“. Овој невиден настан предизвика сериозна загриженост во технолошката заедница. Како што роботиката станува сè поавтономна, експертите предупредуваат на потенцијалните ризици предизвикани од недостатоците во програмирањето на роботите и безбедносните системи.

Бегството на „Ербаи“ среде ноќ можеби беше неочекуван пресврт во светот на вештачката интелигенција, но исто така е добар потсетник дека дури и најпаметните машини можат да бидат надмудрени.

Прикажи повеќе...

Hitech

Лоши вести од Apple за сопствениците на iPhone XS Max и iPhone 6s Plus

Објавено пред

Apple штотуку направи, како што велат, „реорганизација“ на нивниот стар и застарен список на производи, и заврши со iPhone XS Max ( лансиран во 2018 година) и iPhone 6s Plus ( лансиран во 2015 година).

dobivaj vesti na viber

Според правилата на Apple, уредот станува винтиџ кога ќе поминат повеќе од пет години од последното продавање како нов уред.

Пред да истечат тие пет години, можете да набавите резервни делови од Apple и овластените сервисни продавници и сигурно ќе можете да го поправите уредот. Меѓутоа, кога производот ќе стане винтиџ, можеби нема да можете да набавите делови – зависи од залихата и дефектот.

iPhone 6s Plus со 32 GB меморија веќе е категоризиран како застарен (пост-винтиџ статус).

Ова е моменталната листа на винтиџ iPhone-и:

    • iPhone 4 (8GB)
    • iPhone 5
    • iPhone 6s Plus
    • iPhone SE
    • iPhone 8 Red
    • iPhone 8 Plus Red
    • iPhone X
    • iPhone XS Max

    Ова се застарени iPhone-и

    • iPhone
    • iPhone 3G (Kina) 8GB
    • iPhone 3G 8GB, 16GB
    • iPhone 3GS (Kina) 16GB, 32GB
    • iPhone 3GS (8GB)
    • iPhone 3GS 16GB, 32GB
    • iPhone 4 CDMA
    • iPhone 4 CDMA (8GB)
    • iPhone 4 16GB, 32GB
    • iPhone 4 GSM (8GB), Black
    • iPhone 4S
    • iPhone 4S (8GB)
    • iPhone 5C
    • iPhone 5S
    • iPhone 6
    • iPhone 6 Plus
    • iPhone 6s (32GB)
    • iPhone 6s Plus (32GB)
Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...

Свет5 часа

(Видео) Путин и’ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши...

Македонија6 часа

Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат...

Македонија7 часа

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со...

Македонија10 часа

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија11 часа

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа12 часа

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија12 часа

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје13 часа

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...

Македонија13 часа

Филипче: Почнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа14 часа

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...

Европа15 часа

Пред заминувањето Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца...

Европа16 часа

Шефот на германското разузнавање: НАТО може да го активира членот 5 поради руските саботажи

Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна...

Свет16 часа

Маск го критикува начинот на кој функционира Европската Унија

Илон Маск ја критикуваше Европската комисија, нарекувајќи го телото „недемократско“, што е последна во серијата негови јавни критики на институциите...

Македонија1 ден

Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство „Вечерва...

Економија1 ден

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија1 ден

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија1 ден

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија1 ден

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија1 ден

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...