Надворешна политика
Заев на средби со претставниците на словенечката бизнис заедница
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вторникот оствари средба со извршниот директор на словенечката Стопанска комора, Хрибар Милич, на којашто се разговараше за прашања од економската сфера и околу соработката меѓу двете земји на економски план.
Податокот што најголемите словенички компании се пристуни во Македонија го покажува интересот на словенечкиот капитал за инвестирање во земјата, меѓутоа потребни се системски реформи во Македонија за продлабочување на соработката и за отварање на пазарот за нови инвестиции, соопшти претседателот на словенечката Стопанска комора, Милич.
Високиот претставник на словенечката Стопанска комора посочи дека дел од проблемите со коишто се соочуваат словенечките бизнисмени во Македонија се поради нефункционирање на правната држава и одлоговлекување на судски спорови во неразумен рок.
Заев нагласи дека една од клучните заложби на СДСМ е неопходната департизација на институциите во Македонија и независно судство. Казнените политики треба драстично да се променат и да не се користат како начин и метод на репресија над бизнисите, соопштуваат од партијата.
„Идната Влада предводена од СДСМ ќе отвори простор за развивање на соработката помеѓу двете држави на економски план, според потребите на двете земји“, рече Заев. Тој најави проширување и интензивирање на соработката со Словенија во сферите на земјоделството и туризмот.
Заев и извршниот директор на словенечката Стопанска комора, Милич, разговараа околу можностите за помош и поддршка што може да ги даде комората на Словенија на компаниите од Македонија, коишто се заинтересирани да ги продаваат своите производи во Словенија. Директорот Милич најави заложби на тој план и овозможување контакти и средби на компаниите од Македонија со словенечки фирми./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.