Црна хроника
Вработени во ЕВН и МЕПСО приклучувале струја на црно

Двајца вработени во ЕВН Македонија и МЕПСО приклучиле струја на црно во три куќи и еден деловен објект со што предизвикале штета од речиси 1.5 милиони денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(39) вработен во ЕВН Македонија и Г.С.(42), вработен во МЕПСО, двајцата од Битола, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Тие на 26. јули минатата година, во Битола на ул. „Кире Костадиновски” нелегално приклучиле електрични дигитални броила во три куќи и еден деловен објект, при што предизвикале штета на ЕВН во износ од 1.499.486 денари, кој износ лицата требало да го платат за легален приклучок.
Покрај ова, на патот Битола-Прилеп нелегално поврзале електричен кабел под напон во разноводен ормар од ТС „Таирови Лозја”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип.
Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој со него бил на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци. Кире Павлов тука исчезнал и му се изгубила трага, според пријавеното, пренесе Центарот за управување со кризи.
Полицијата подоцна извести дека лицето било пронајдено починато, а според првичните информации станува збор за природна смрт.
Црна хроника
Дете нападнато на автобуска станица во Центар од четири лица

А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26 април околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко.
За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето.
Од МВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на детето.
Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје.