Контакт

Свет

ЕЦБ: Фалсификувани 331 илјада банкноти

Објавено пред

Вкупно 331 илјада фалсификувани банкноти се повлечени од оптек од јануари до јуни, што е 25 отсто помалку во однос на второто полугодие минатата година, соопшти Европската централна банка(ЕЦБ).

dobivaj vesti na viber

Таа бројка е 27 отсто помала во однос на првата половина минатата година, се наведува во анкетата на ЕЦБ, што се објавува двапати годишно.„Бројот на фалсификувани банкноти и натаму е многу низок во споредба со растечкиот број на вистински банкноти во оптек од преку 18,5 милијарди во првото полугодие“, соопшти ЕЦБ.Банкнотите во апоени од 50 евра чинат речиси половина од вкупниот број фалсификати, односно 48,2 отсто, утврди банката. По нив следат банкнотите во апоените од 20 евра со удел од 31,6 отсто во вкупниот број фалсификувани банкноти, додека оние во апоени од 100 евра чинат 11,1 отсто.ЕЦБ во моментот е во процес на печатење на нови банкноти со подобрени безбедносни карактеристики.Централната банка неодамна се најде на удар на критика заради одлуката да престане да ја печати банкнотата од 500 евра до крајот на 2018 година. ЕЦБ на таков чекор се реши заради распространетото мислење дека најмногу ја користат криминалците за префрлање на големи суми на пари во различни делови на светот, без знаење на властите. /крај/он/ст

Економија

Турција ѝ нуди помош на Европа, 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод

Објавено пред

Турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, изјави дека Турција е подготвена да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри природен гас годишно преку балканскиот гасовод, но само доколку европските земји покажат политичка волја и вложат во потребните инфраструктурни врски.

dobivaj vesti na viber

„Турција е подготвена да придонесе повеќе за енергетската безбедност на Европа. Доколку Европа покаже политичка волја и посветеност, и се направат дополнителни инвестиции во меѓусебните врски, ќе можеме да извезуваме до 10 милијарди кубни метри гас годишно во Централна и Источна Европа преку балканскиот гасовод“, истакна Бајрактар во интервју за јапонското економско издание „Никеи“.

Изјавата на турскиот министер доаѓа по прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина, кој беше значаен дел од снабдувањето на Европа.

Транзитниот договор меѓу Русија и Украина истече на 1 јануари годинава, а Киев одби да преговара за продолжување на договорот поради тековната воена агресија на Русија врз Украина. Ова предизвика сериозни прашања за идното снабдување со природен гас во Европа и можноста Турција да стане клучен играч во енергетската стабилност на регионот.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонците од ова лето ќе плаќаат повеќе, Грција ги зголеми туристичките такси

Објавено пред

Грција од оваа година ќе ги зголеми таксите за туристите, со цел да генерира средства за подобрување на инфраструктурата и промоција на одржлив туризам. Според информации објавени на порталот „Шенген њуз“, туристите кои ќе посетат Грција ќе плаќаат дневен данок од 2 евра, што претставува значително зголемување во однос на досегашните 0,5 евра. Во периодот од април до октомври, во текот на ударната туристичка сезона, таксата ќе се зголеми на 8 евра.

dobivaj vesti na viber

Зголемување на таксите се очекува и за сместувањето. Така, за хотелите со една и две ѕвезди, како и за изнајмување соби, ќе се плаќа 2 евра, наместо досегашните 1,5 евра. Во хотелите со три ѕвезди ќе се плаќаат 2 евра повеќе, додека госите во хотелите со четири ѕвезди ќе платат 10 евра наместо 7. Најголемо поскапување ќе биде за хотелите со пет ѕвезди и вилите, каде што таксата ќе порасне од 10 на 15 евра.

Исто така сместувањето преку „Airbnb“ ќе биде поскапено, со такса од 2 евра во зимските месеци и 8 евра во летните месеци, се очекува и зголемување на таксите за туристите кои ќе одлучат да патуваат со крстарење. Прогнозите велат дека Грција ќе биде домаќин на 8 милиони туристи во 2025 година.

Како дел од новите такси, посетителите на Санторини и Миконос ќе треба да плаќаат по 20 евра, додека за останатите острови, вклучувајќи ја и Атина, таксата ќе изнесува 5 евра на ден. За споредба, иако Миконос има само 12.000 жители, секој ден го посетуваат до 20.000 туристи, што го прави островот едно од најпопуларните дестинации.

Промените беа најавени во септември од страна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој истакна дека се очекува приходот од зголемените такси да изнесува 600 милиони евра. Овие средства ќе бидат насочени кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени.

Прикажи повеќе...

Свет

Ердоган ветува поддршка за сирискиот народ по падот на Асад

Објавено пред

По пауза од 12 години, Турција повторно ја отвори својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе го поддржи сирискиот народ во процесот на обновување и закрепнување, оценувајќи дека Турција ќе продолжи да биде клучен фактор за стабилност во регионот.

dobivaj vesti na viber

На провинцискиот конгрес на Партијата на правдата и развојот, Ердоган истакна дека сирискиот народ извојувал значајна победа со соборувањето на режимот на Башар ал Асад. Потсети и дека Турција пред 13 години ги отворила своите граници за милиони бегалци од Сирија, обезбедувајќи засолниште за околу четири милиони луѓе кои побегнале од конфликтот.

„Турција останува како остров на стабилност среде хаосот и превирањата во регионот“, рече Ердоган, истакнувајќи ја улогата на неговата земја во решавањето на регионалните кризи.

Денеска, турското знаме повторно се вее пред зградата на амбасадата во Дамаск, лоцирана во дипломатскиот кварт. За привремен вршител на должност на амбасадор е назначен Бурхан Короглу, кој досега беше амбасадор на Турција во Мавританија.

Амбасадата на Турција ја прекина својата работа на 26 март 2012 година, поради влошувањето на односите меѓу Анкара и режимот на Асад, но со денешното отворање, активностите се официјално обновени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија2 часа

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија2 часа

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија2 часа

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...

Македонија2 часа

Дамева: Оставка се поднесува само ако постојат оправдани причини, ќе ја анализирам содржината на интерпелацијата

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да...

Топ3 часа

(Видео) Уапсен 24-годишник од Скопје, при претрес пронајдено речиси еден килограм дрога

Денеска во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес...

Македонија4 часа

Македонија и Украина потпишаа спогодба за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри...

Европа5 часа

Данското разузнавање: Русија би можела да почне голема војна во Европа во рок од 5 години

Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа...

Свет6 часа

(Видео) Снежна лавина блокира хотели, луѓе евакуирани со хеликоптери: драма кај Фукушима

Четириесет лица, вклучително и гости на хотел, беа евакуирани со хеликоптер за спречување катастрофи кога лавина блокира три хотели во...

Свет7 часа

Данците почнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа речиси 200.000 потписи

Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е поведена петиција оваа европска...

Европа7 часа

(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев, горат станбени згради: „Вака Путин сака да ја заврши војната!“

Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти. „Вака Путин сака да ја заврши војната....

Регион7 часа

(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“

Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно...

Економија20 часа

Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и...

Македонија21 час

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор...

Македонија1 ден

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата...

Македонија1 ден

Јаневска за забраната на мобилните телефони: Училиштата се под ингеренции на општините, тие ја носат одлуката

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, согласна е министерката за образование...

Македонија1 ден

Утврдени слабости во работењето на Централниот регистар, алармира Државниот завод за ревизија

По извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Централниот регистар на Република Северна Македонија за 2023...

Македонија1 ден

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, дури две третини од земјите добиле лоша оценка, според „Транспаренси интернешнл“...

Топ1 ден

Во пукањето во Чаир учествувале повеќе лица: подигнати се патрони, се прегледуваат видеоснимки

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен...

Топ1 ден

Убиство во Чаир: полицијата уапси неколку лица

Денеска во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со...