Контакт

Актуелно

Почина академик Томе Серафимовски

Објавено пред

На возраст од 80 години, во четврток во Скопје почина академик Томе Серафимовски, познат македонски скулптор.

dobivaj vesti na viber

Погребот ќе се изврши во недела на градските гробишта во „Бутел“ во 12 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во Бутел од 11 до 12 часот.Македонската академија на науките и уметностите на 7 март ќе одржи комеморативна седница во 12 часот. Серафимовски има создадено над 550 скулптури во бронза, мермер, оникс и дрво. Од нив, околу 250 се одделни портрети, повеќе од 170 актови, 100-тина скици, минијатури, идејни решенија од областа на ситната пластика, над 15 скулптури со анимални сцени, околу 10 торза и релјефи. Реализирал и 40-тина споменици и спомен-обележја кои се наоѓаат на просторите на Република Македонија, на поранешна Југославија и во светот.Неговите дела се наоѓаат и во повеќе приватни и јавни колекции, во галерии и во музеи, како и во многу други институции во светот.Во текот на 60-годишното активно творештво, Серафимовски учествувал на околу 300 групни изложби, а реализирал 40 самостојни изложби во земјата и во странство.Роден е во гостиварското село Зубовце на 14 јули 1935 година. Основното образование го завршил во Гостивар, а во 1957 година завршува средно уметничко училиште во Сплит, отсек вајарство во класата на проф. Жељко Радмиловиќ, а соработува со професорите Иван Мирковиќ и Марин Студин. Извесен период работи како сликар сценограф во Народниот театар во Сплит.Во 1957 година, своето образование го продолжува на Академијата за ликовни уметности во Загреб на која дипломира во 1963 година, во класата на професорот Антун Аугустинчиќ. Истата година, тој е соработник во мајсторската работилница на својот професор.Како стипендист на Владата на Република Франција, реализира повеќегодишен студиски престој во Париз. За тоа време работи како соработник на позната француска скулпторка, Алиција Пеналба. Во критиката, е ситуиран во традицијата на париската школа останувајќи, притоа, верен на духот на медитеранската традиција. По враќањето од Париз, кон крајот на 1969 година, извесно време работи како сценограф во Телевизија Скопје. Од средината на 1970 година до 1987 година живее и работи во Гостивар и во Охрид, а потоа одново се враќа во Скопје. Активно учествува на многу југословенски и македонски конкурси и создава голем број споменици.Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 1962 година, а од 1977 до 1978 година е негов претседател. Од 1977 до 1980 година бил член на Претседателството на Сојузот на здруженијата на ликовните уметници на Југославија.На 7 октомври 1988 година е избран за член на Македонската академија на науките и уметностите. Од 1992 до 1999 година е секретар на Одделението за уметност и член на Претседателството на МАНУ.Во 2003 година е избран за странски член на Српската академија на науките и уметностите, а во 2006 година за член на Светската академија за уметност и наука со седиште во Сан Франциско, САД. Во 2010 е избран за член на Креативниот круг „Орфеј“, додека следната година ја добива титулата почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Во 2015 е избран за странски член на Црногорската академија на науките и уметностите.Во спомен на неговите претци и на неговото родно место, во 2008 година во селото Зубовце е осветена црквата „Св. апостол Тома“ чиј ктитор е токму Серафимовски. Иконостасот во црквата е дело на Серафимовски и е изработен во единствена техника, барелјеф во бронза, што се смета за прв пример во поновата уметност.За своето скулпторско творештво, тој е добитник на многубројни награди и признанија./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК

Објавено пред

Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено пред

Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство

Објавено пред

Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

dobivaj vesti na viber

„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.

Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.

Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.

„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.

Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.

Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.

Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...

Македонија8 часа

Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи...

Македонија9 часа

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и...

Економија9 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија10 часа

(Видео) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, на собраниска седница го критикуваше предложениот закон за судството оценувајќи дека станува збор за козметички,...

Свет13 часа

(Видео) Израелската армија доби ново моќно оружје – „Железниот зрак“

Израелското Министерство за одбрана објави дека првиот оперативен систем за пресретнување ракети со ласер со голема моќност, развиен од „Рафаел...

Европа16 часа

(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална

71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на...

Регион17 часа

(Видео) Курти убедливо победи на предвремените избори

Партијата на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово во недела, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила...

Свет17 часа

(Видео) Воз со 250 патници излета од шините во Мексико, 13 мртви

Мексиканските власти вчера соопштија дека најмалку 13 лица загинале во железничка несреќа во државата Оахака. Речиси 100 лица се повредени...

Свет17 часа

Макрон најави нов состанок на Коалицијата на волните

Францускиот претседател Емануел Макрон најави состанок на сојузниците на Киев во Париз на почетокот на јануари за безбедносни гаранции за...

Свет17 часа

Фон дер Лајен: Постигнат добар напредок во преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави „добриот напредок“ постигнат вчера во мировните преговори за Украина. Нејзината...

Свет17 часа

(Видео) Трамп: Путин сака Украина да успее

Доналд Трамп ја изложи својата визија за улогата на Русија во повоената обнова на Украина, велејќи дека Москва ќе биде...

Македонија17 часа

Непречен сообраќај по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален...

Топ1 ден

Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра

На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила. Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната – состанокот со Зеленски е во тек

Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и...

Свет1 ден

Зеленски пред средбата со Трамп: Многу работи можат да се решат пред Нова година, одлуката зависи од партнерите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но дека на...

Топ1 ден

Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор

Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало...

Култура1 ден

Почина Брижит Бардо

Француската актерка Брижит Бардо починала денеска на 91-годишна возраст, пренесе „Гардијан“. Бардо, француска актерка и пејачка која стана меѓународен секс-симбол,...

Македонија1 ден

СДСМ: „Златната виза“ не е злато, туку налепница во пасош

Опозициската СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како измислени вести и дефокус од главните теми. Од СДСМ наведуваат...