Контакт

Компании

Концертот на Red Hot Chilli Peppers преку HD стриминг во 360 степени во живо на страницата на Телеком

Објавено пред

Македонски Телеком ќе им овозможи на фановите да го доживеат концертот на Red Hot Chilli Peppers преку HD стриминг во 360 степени во живо, како да се на самиот настан. Red Hot Chili Peppers ќе настапат на „Telekom Street Gigs” во Берлин на 6 септември, во 20:00 часот.

dobivaj vesti na viber

„Гледачите ќе можат целосно да се внесат во сцената со глобалните супер – ѕвезди Red Hot Chilli Peppers  преку веб страницата на Македонски Телеком www.telekom.mk . Најдобрата мрежна покриеност и мрежна брзина на Македонски Телеком ќе овозможат дигитално доживување на концертот како никогаш досега“, се вели во соопштението.Red Hot Chilli Peppers,  еден од најуспешните рок-бендови во историјата, со главниот вокал Антони Кедис, басистот Фли, тапанарот Чед Смит и гитаристот Џош Клингхофер бележат повеќе од 60 милиони продадени албуми, а со хитовите „Californication“, „Give it Away“ и „Under the Bridge“, повеќе од три децении ги инспирираат и забавуваат нивните фанови ширум светот. Со нивниот најнов албум „The Getaway“, во продукција на Danger Mouse,  повторно се наоѓаат на врвот на топ листите. Тие се добитници и на 104 платинести признанија за продажба на албумите како и на голем број главни музички награди како што се: Grammy, ECHO или MTV Music Award. Примени се во Домот на славните на рокенролот во 2012 година. /крај/со/ст

Економија

Халкбанк со донација на компјутерска опрема за училиштата и за институциите

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје продолжува да ја демонстрира својата општествена одговорност преку конкретна поддршка за заедницата. Во рамки на своите активности, Банката донираше 27 компјутери и монитори во Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје, едно од најстарите училишта во земјата. Основано уште во 1884 година од страна на Османлиската држава, ова училиште веќе над еден век е важен образовен центар на турското малцинство во Македонија, со богата историја и значајна улога во локалната заедница.

dobivaj vesti na viber

Дополнително, Халкбанк донираше и 146 компјутери и монитори во Македонска пошта, со која Банката има воспоставено долгогодишна соработка и веќе пет години платниот промет во Пошта се одвива преку Халкбанк. Ова партнерство им овозможува на граѓаните добивање на банкарска услуга, да не мораат да одат исклучиво во банка, туку истата да ја добијат и во најблиската пошта, што е особено значајно за сите оние кои живеат во населени места во кои нема експозитури на банките.

Освен стандардните банкарски услуги, на шалтерите на Македонска пошта граѓаните можат да отвораат сметка во Халкбанк, да побараат издавање дебитна или кредитна картичка, да аплицираат за различни видови кредити, дозволено пречекорување, електронско банкарство, добивање пензија преку Халкбанк, како и да добиват други банкарски услуги кои се достапни за клиентите на Банката.

Халкбанк наскоро ќе донира уште 23 компјутери и монитори за уште едно училиште, со цел да се подобрат условите за едукација и работа.

Овие донации се дел од многубројните општествено одговорни активности на Халкбанк, кои имаат за цел да ја поддржат заедницата, да овозможат подобри услови за учење и работа, и да придонесат кон дигиталната писменост и развојот на младите.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

ОКТА: Стабилни резултати во првата половина од годината како резултат на стратешкиот и таргетиран одговор на трендовите на енергетскиот пазар

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Во вториот квартал од 2025 година, светските нафтени пазари останаа нестабилни, погодени од геополитичките тензии, прилагодувањата на производството на ОПЕК+ и умерен раст на побарувачката. Цената на Брент суровата нафтата накратко надмина 73 долари за барел по израелските напади врз иранската инфраструктура, додека стравувањата од прекини во Ормутскиот теснец создадоа нови ризици околу снабдувањето. Истовремено, зголеменото производство на ОПЕК+ и американското производство на шкрилци сигнализираше презаситеност на пазарот, вршејќи долгорочен притисок врз цените. Инфлацијата и санкциите на ЕУ врз руските деривати ги зголемија трошоците, додека растот на глобалната побарувачка се намали на најниско ниво од 2009 година до денес, поттикнато од силната потрошувачка на земјите во развој, но и стагнацијата во развиените економии. На нашето работење во Република Северна Македонија, оваа динамика влијаеше на зголемување на увозните трошоци и поголема ценовна нестабилност, што наложи примена на агилни стратегии за набавка, со цел заштита на маржите.

Во вториот квартал од 2025 година, обемот на продажба достигна вкупно 294 илјади м³, што претставува пад од 3% на годишно ниво, пред сѐ поради зголемената конкуренција од Албанија на косовскиот пазар. ЕБИТДА во вториот квартал од 2025 година ги надмина резултатите од претходната година за 28%, во услови на повисока продажба на домашен пазар, намалено негативно влијание од вреднувањето на залихите во споредба со истиот период лани и повисоките маржи од тргувањето со енергија. Прилагодената ЕБИТДА изнесуваше 167 милиони денари, што е зголемување од 14% споредено со истиот период лани.

Во првата половина од 2025 година, приходите од продажба изнесуваа 17.779 милиони денари, што претставува намалување од 21% споредено со истиот период минатата година. ЕБИТДА забележа мал раст во споредба со истиот период лани, како резултат на зголемените продажби на домашниот пазар, подобрените извозни маржи, зголемена трговија со електрична енергија со повисоки маржи, како и намаленото негативно влијание од вреднувањето на залихите (56 милиони денари).

Прилагодената ЕБИТДА достигна 305 милиони денари, што претставува раст од 19% споредено со истиот период минатата година.

Добивката пред оданочување се зголеми за 107% на 236 милиони денари.

Во согласност со своите стратешки приоритети и посветеноста на одржливиот развој, компанијата инвестираше 12 милиони денари во проекти за обновливи извори на енергија во текот на првата половина од 2025 година. Ваквите инвестиции ги нагласуваат континуираните напори на компанијата за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и забрзување на транзицијата кон почисти извори на енергија, а воедно и остварување на видливи економски придобивки.

ОКТА ја потврди својата посветеност на безбедноста на патиштата и општествената одговорност во вториот квартал од 2025 година, во согласност со нејзината Стратегија за општествена одговорност. Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, компанијата започна две кампањи за подигање на јавната свест, фокусирани на подобрувањето на безбедноста на патиштата. Понатаму, ОКТА донираше дрон опремен со напредна технологија за рано откривање пожари на Јавното претпријатие Национални шуми, зајакнувајќи ја неговата улога во спречувањето на пожари. Иницијативата беше надополнета со едукативна кампања насочена кон подигање на јавната свест за ризиците од невнимание.

Компанијата исто така продолжи да ја поддржува културата преку спонзорирање на повеќе еминентни културни настани. Во текот на вториот квартал од 2025 година, ОКТА остана силно посветена на развојот на младите преку иницијативи во кругот на компанијата, како што се програмата „Учење преку работа“, праксите и програмата за доделување на стипендии.

Обезбедувањето на сигурно и непрекинато снабдување останува врвен приоритет во денешната динамична средина. Преку континуирано следење и проактивен пристап кон управувањето, ОКТА брзо се справува со потенцијалните нарушувања. Во исто време, фокусот на автоматизација и иновации ја подобрува нејзината оперативната ефикасност и отпорност – овозможувајќи ѝ на компанијата да ја задоволи растечката побарувачка, а воедно да придонесе за поширок општествен напредок и долгорочна одржливост.

Преку воведувањето на иновации и адаптабилност, ОКТА не само што обезбедува континуитет, туку и придонесува за подобрување на општеството, поттикнувајќи одржлив напредок и стабилност за сите.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Објавено пред

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.

dobivaj vesti na viber

Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.

Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:

Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова

Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Белата куќа објави детали за средбата Трамп-Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ3 часа

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија5 часа

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет7 часа

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ10 часа

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ10 часа

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион11 часа

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија12 часа

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија12 часа

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија12 часа

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион13 часа

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија14 часа

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија15 часа

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...

Топ15 часа

Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет16 часа

(Видео) Рекорден топлотен бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлoтниот бран, кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлотен удар во Италија, шумските пожари се му...

Македонија16 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет години нема ниедно обвинение, ниеден обвинет, ниедно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет17 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава18 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија18 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија1 ден

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...