Црна хроника
Тројца скопјани уапсени за 12 разбојништва и кражби во Охрид
Тројца жители на Скопје осомничени дека се извршители на дванаесет казнени дела при што се стекнале со противправна имотна корист од близу три илјади евра, се приведени и проти нив се поднесени кривични пријави, информираше во неделата Секторот за внатрешни работи Охрид
Пријавите се поднесени против 22-годишните М.М и Т.Е., како и против една година помладиот М.М., сите од Скопје поднесе кривична пријава. Пријавата се однесува на постоење основи на сомнение дека првопријавениот М.М. сторил 12 казнени дела од кои една разбојничка кражба, десет тешки кражби и една кражба, додека другите двајца сториле 12 казнени дела „помагање“.
Првопријавениот, инаку, иако имал определена мерка „куќен притвор“, го напуштил својот дом во Скопје и во текот на јули во Охрид и околните места, заедно со другите двајца ги извршиле казнените дела. Тој со употреба на физичка сила, со нож и друг подесен алат насилно ги отворал влезните врати и прозорците, влегувал во повеќе станови и куќи, вршел пребарување и одземал пари, златен накит, фото апарати и други вредни предмети.
Скопјанецот ги користел приликите и низ незаклучени или отворени влезни врати влегувал во домовите, вешто се качувал до првиот кат и низ балконските врати влегувал и ги пребарувал собите. Со подесен алат и насилно ги кршел буренцата од влезните врати и прозорските стакла а во автокампот „Градиште“ со кинење на заштитната мрежа влегувал во приколките и одземал пари и сé што е вредно. На плажата „Акапулко“, на пример, го искористил невниманието на еден странски државјанин и од лежалката одзел чанта со пари, рачен часовник „Таг Хауер“ и други предмети.
Додека првопријавениот ги извршувал кривичните дела, другите двајца ги набљудувале куќите и становите, и му обезбедувале непреченост во извршувањето на тешките кражби. Тие, исто така, му обезбедиле и автомобил, како и сместување во автокампот „Градиште“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вработен во фабрика за медицински канабис во Охрид фатен со дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач удри жена на улица во Скопје и побегна, МВР го пронајде
Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди.
Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот.
Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш презела мерки за лоцирање на возачот, кој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.
Според информациите од СВР Скопје, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

