Европа
Германија: Десет отсто од бегалците ќе завршат во криминал
Германските криминалисти очекуваат дека 10 отсто од бегалците, кои последните месеци во зголемен број доаѓаат во Германија, ќе се судрат со законот, пишува дневниот весник Die Welt во понеделникот.
„Треба да ни е јасно дека не доаѓаат само кардиолози. Масата бегалци се однесува мирољубиво и благодарно, но околу десет отсто ќе станат криминални“, вели претседателот на Сојузот на германските криминалисти (BDK) Андре Шулц за дневниот весник Die Welt.
„Доаѓаат многу млади од ситуација на целосен недостиг од перспектива. И таа ситуација продолжува и овде. Та се фактори коишто водат кон криминално однесување. И некој од оваа група да заврши во криминал е сосема нормално. Истото би се случило и Со Германците доколку се во таква ситуација. Религијата и потеклото не играат никаква улога“, појаснува Шулц.
Тој изразува и разбирање и за граѓаните коишто живеат во близина на големите центри за прифаќање на бегалците во чијашто близина во последно време е забележано зголемување на стапката на криминалот.
„Во тие центри не живеат само бегалци од Сирија, туку и млади луѓе од Балканот, Кавказ, Африка, коишто во своите татковини биле криминалци. Честопати свесно се испраќаат во Германија за тука да се занимаваат со криминал“, истакнува Шулц.
Претседателот на BKA притоа особено ја истакнува групата Грузијци кои во негативна смисла „бодат очи“. „Тие свесно доаѓаат во Германија, бараат азил и тога чекајќи ја одлуката за сместување и надомест, вршат криминални активности по Германија. Ние со сигурност утврдивме најмалку 1.000 вакви случаи“, заклучува Шулц кои изразува и изненадување од фактот дека германските власти се затекнати од големиот број бегалци. „Тоа можеше да се очекува по Арапската пролет во 2011 година“, вели Шулц/
За да што повеќе бегалци со перспектива за подолг престој во Германија може што побрзо социјални и работно да бидат интегрирани, германската влада минатиот месец донесе пакет закони којшто, покрај заострените права за стекнување азил, содржи и мерки за поттикнување на имигрантите низ јазични курсеви и засилени програми на преквалификација./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.
Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.
Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.
Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.
Европа
Поранешен руски заменик-министер пронајден мртов: „До телото пронајдено оружје“
Поранешниот руски заменик-министер за труд и социјална заштита Алексеј Скљар изврши самоубиство, објави „Московски комсомолец“. Според весникот, телото на поранешниот функционер е пронајдено во неговиот дом во селото Поповка, во областа Филимонковски. Веста ја објави и руската државна новинска агенција ТАСС.
„Московски комсомолец“ објавува дека пред смртта, Скљар оставил проштална порака на социјалните мрежи во која изјавил дека сè е вина на неговата сопруга. Итните служби пристигнале на местото на настанот и забележале дека вратата од домот на Скљар е отворена.
Неговото тело било веднаш на влезот. Во близина на телото е пронајден пиштол.
Алексеј Скљар бил заменик-министер за труд од 2018 до 2022 година. Тој бил одговорен за развој на информациски системи и обезбедување на владини услуги по електронски пат. Пред тоа, тој работеше во канцеларијата Краснодар на Федералното министерство за финансии од 2002 до 2013 година, а потоа во Сметководствената комора на Руската Федерација од 2013 до 2018 година.
Европа
Поларен студ се очекува во Европа кон крајот на јануари
После декември со претежно стандардно време, јануари донесе студ и снег. Значителен дел од Европа моментално е под снежна покривка, што создава услови за развој на ладен континентален антициклон и продолжување на зимските услови.
Во исто време, се развива голем сибирски антициклон, кој би можел да насочи многу студен, можеби поларен, воздух кон југ кон крајот на месецот. Влијанието на атлантските циклони е ослабено и не се очекуваат долготрајни јужни ветрови во блиска иднина, пишува IstraMet.
Прогнозите укажуваат на постепен развој на нова зимска ситуација. Веќе во недела, температурите на воздухот ќе се спуштат на просечни нивоа за ова време од годината. Ова ќе биде и вовед во период на постабилно и посончево време, со утрински минус температури и пријатни дневни температури. Не се очекуваат поголеми метеоролошки нарушувања во наредните денови.
Позначајна промена е можна кон крајот на јануари, под влијание на постојан сибирски антициклон. Таквиот развој на синоптичката ситуација би можел да го помести поларниот воздух подалеку на југ, можеби дури до Медитеранот, при што дел од тој воздух ќе стигне до нашиот регион. Сè уште е прерано да се прават подетални прогнози.

