Црна хроника
Повредени 11 лица во сообраќајка во Велешта
Единаесет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во среда на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на селото Велешта, соопшти СВР Охрид.
До несреќата дошло кога мини бус, со струшки таблички, удрил во товарно возило марка „Ивеко“ со скопски таблички.
Возачот на мини бусот, кој вршел превоз на патници на релацијата Лабуништа-Струга, изгубил контрола над возилото и скршнал на спротивната коловозна лента при што со предниот дел удрил во левата страна на товарното возило, велат од СВР Охрид.
Осум патници биле префрлени во општата болница во Струга и кај нив се констатирани лесни телесни повреди, додека двајца од патниците се во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и за нив сè уште се чека лекарскиот наод за карактерот на здобиените повреди.
На местото на сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

