Црна хроника
Кочанчани и кратовец пријавени за трговија со марихуана
Двајца кочанчани и еден кратовец се пријавени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“, откако полициски службеници кај нив се откриени помали количества марихуана која ја препродавале.
Во првиот случај кочанската полиција ги поднела кривичните пријави против И.Д.(27) и Н.М.(18), двајцата од Кочани, откако во понеделникот биле прегледани заедно со уште две други лица од полициски службеници, и притоа била пронајдена марихуана со вкупна тежина од 3 грама, која претходно вторпријавениот ја купил за 500 денари од првопријавениот. Во вторникот бил извршен претрес и на домот на пријавениот каде што било откриено преостанато минимално количество од наркотикот.
Кратовецот е пријавен во вторникот по расчистување на случајот од јули годинава, кога во Штип полициски службеници извршиле претрес на неговиот ранец при што биле откриени 23 грама марихуана, спакувани во полиетиленски кесички. Истрагата открила дека овој 24-годишник со иницијали Ѓ.А. купил 50 грама марихуана во непознато лица во Скопје за сума од 4.500 денари, а потоа ја поделил со свој другар./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со цигла скршил стакло од прозорец и влегол да краде, го нападнал и сопственикот: истрага за разбојничка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик.
На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од спалната соба во куќа на улицата “Благоја Стефковски”. Влегол во куќата и пребарувал, па во една од собите пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари и се обидел да го напушти местото.
Сопственикот на куќата го забележал и сакал да го спречи, но осомничениот физички го нападнал, го турнал во грмушките во дворот и избегал.
Притвор е побаран поради опасноста од бегство, можност за влијание врз сведоците и оштетениот, како и ризикот осомничениот да го повторува делото.
Топ
Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата
МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар.
При судир на два автомобила, вчера загина едниот од возачите Ѓ.П.(35) од селото Дреново, и неговиот сопатник Б.П.(56) од истото село во Кавадаречко.
Другиот автомобил го управувал О.О.(31) од с.Тополница, радовишко, кој се здобил со тешки повреди. Меѓу повредените се и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко. Тешко повредени се и Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко.
Повредените се хоспитализирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.
По извршениот увид, Обвинителството вчера соопшти дека несреќата се случила за време на прекенување, а двата автомобили возеле во истата насока.
Црна хроника
Тепачка поради расправија во сообраќајот во Тетово, едниот од нив со нож им се заканувал на полицајци
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(33) и М.Б.(44), двајцата од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и А.С.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Денеска во Тетово, по претходна расправија во сообраќајот, прво и второпријавениот му ја оштетиле колата на третопријавениот, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив.
Пoтоа, третопријавениот со нож упатил закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

