Регион
Во Косово уапсени 13 лица поради ширење верска омраза
Во апсењата во Косово кои започнаа во средата наутро со апсењето на имамот на Големата џамија во Приштина, Шефкет Рамиќи и лидерот на Исламската партија ЛИСБА, Фуад Рамиќи, бројката достигна 13 лица.
Косовската полиција информираше дека по апсењата на Шефкет и Фуад Рамиќи, притворени се уште 11 лица од кои најголемиот број се оџи во џамии во Косово. Според истражните органи, тие се обвинети за ширење на верска омраза, посредување на млади за заминување во Сирија и Ирак и поттикнување на тероризам.
Пред извесно време во Косово беа притворени околу 40 лица, исто така имами, но и млади кои биле на боиштата на страна на терористите во Сирија и Ирак./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Инцидентот на Правниот факултет нема политичка позадина
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ утрово изјави дека е „неспорно“ утврдено оти инцидентот на Правниот факултет во Белград, кога неколку студенти се здобија со полесни повреди, нема политичка позадина и дека е „апсолутно сигурно“ дека „никој однадвор не донел било кого на тој факултет“ за таму да направи инциденти.
„Тој настан нема никаква врска со државните органи, полицијата, безбедносните служби. Не станува збор ниту за членови на политички партии“, изјави Дачиќ за Радио телевизија на Србија (РТС).
Наведе дека малолетник, кој не е студент, пријавил дека некој го малтретира пред Правниот факултет, поради што полицијата дошла и го привела пријавениот дури подоцна утрото кога било објавено на социјалните мрежи дека имало инциденти, полицајците, студентите од Правниот факултет, кои имале полесни физички повреди, ги прашале што се случило.
„Но, не сакаа да одговорат, па ќе се изјаснат денеска во 15 часот, затоа ги поканив студентите да се изјаснат за да знаеме за што се работи“, рече Дачиќ.
Тој кажа дека синоќа биле сослушани девет лица, од кои четворица биле задржани во полиција 48 часа, како и две ученички од други факултети и две средношколки кои биле со нив.
Дачиќ, денеска изјави дека опозицијата одбива да учествува на советодавниот референдум со кој ќе се провери поддршката од граѓаните за претседателот Александар Вучиќ, бидејќи знае кој би бил резултатот.
„Ова е лакмусов тест, можете да видите дека имате работа со политичари кои сакаат власт, но ако е можно без избори, бидејќи од нив не можат да добијат никакви добри резултати“, изјави Дачиќ за Радио телевизија на Србија (РТС).
Регион
Пуховски: „Веќе денеска во некоја кафеана може да се степаат луѓето што гласаа за Милановиќ“
Ден по убедливата победа на Зоран Милановиќ на изборите за претседател на Хрватска, раководството на ХДЗ донесе одлука премиерот и претседателот на Собранието да не одат на заклетвата на Милановиќ, односно на инаугурација.
„Зазедовме став, нема да честитаме, ниту ќе се изложиме, поради флагрантно кршење на Уставот, на апсурдна ситуација да ја слушаме заклетвата на Милановиќ кон Уставот, откако тој ја прекрши во безброј наврати. Нема да одиме ниту јас, ниту претседателот на Собранието“, изјави Андреј Пленковиќ во понеделникот по седницата на претседателството и Националниот комитет на ХДЗ.
Дали е политички мудра и рационална одлуката на премиерот Пленковиќ и претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ да не одат на инаугурацијата на реизбраниот претседател Зоран Милановиќ? Политичкиот аналитичар Жарко Пуховски вели дека во овој случај не се работи само за личниот конфликт меѓу „Зоки и Пленки“, туку за односот меѓу институциите.
„Какви и да се нивните меѓусебни односи и мотиви, за сите нас однадвор, тука се работи за односите на институциите. Па така, владејачката партија која го има парламентарното мнозинство одлучи премиерот и претседателот на Собранието да не одат на таа инаугурација. Тоа се протоколарни работи за кои одлучува самиот претседател на Собранието. Но, се работи за тоа дека навистина е грд, непотребен и пред се опасен потег“, рече Пуховски.
Тоа е, вели, продолжување на практиката што ја започна Милановиќ кога на првата инаугурација не му подаде рака на претседателот на Уставниот суд, а продолжи со неприсуството на конститутивната седница на Собранието по последната парламентарна избори.
„Тоа повеќе им одговара на малите момчиња од шесто и седмо одделение од основно училиште кога се караат во училишниот двор“, додава тој.
Дрско го нарече и одбивањето на собраниските служби да ја објават честитката што Арсен Баук како претседател на собраниската комисија за одбрана ја упати до Милановиќ.
Пуховски вели дека ја разбира фрустрацијата на луѓето во ХДЗ по тешкиот пораз, особено по неуставното однесување на Милановиќ со години, но тоа не го гледа како оправдување да играат слична игра. Тој смета дека овој потег ќе доведе до дополнителна ескалација.
Според Пуховски, Милановиќ со својот помирувачки говор во изборната ноќ ја префрлил топката на ХДЗ, каде што не се подготвени да го признаат изборниот пораз. И сето тоа го кочи функционирањето на институциите и државата.
„Не гледам што би можело да се направи понатаму бидејќи, се сомневам, Милановиќ ќе го искористи ова и ќе каже дека нема да разговара со нив во следната прилика. Се доведовме до симболичен колапс, а бидејќи тоа се живи институции кои функционираат секојдневно, тоа доведува до колапс на некои елементи од секојдневниот живот кои се суштински за одржување на заедницата. Затоа сметам дека одлуката што ја донесе ХДЗ е целосно погрешна“.
Сето тоа создава ситуација во која, според Пуховски, ќе се негува хулиганското однесување на Милановиќ.
„Немаме две еднакви сили во оваа битка бидејќи едната страна (извршната и законодавната власт) е објективно многу посилна, што во својот говор го призна и Милановиќ. Ние всушност имаме лош систем кој инаугурира поделба на извршната власт во рамките на поделбата на власта. Тоа значи дека целиот систем зависи од пристојноста и добрата волја на двајцата актери. А систем кој зависи од добра волја не може предолго да функционира ниту во локалното ловечко друштво“, забележува Пуховски.
Пуховски вели дека не гледа како ќе продолжат работите.
„Партијата која во моментов е формално послаба (извршна и законодавна власт) би морала да се сврти кон фактот дека е реално многу посилна и да почне да се однесува како надмоќна партија. Парадоксално, тој аргумент токму во својот говор го изнесе самиот Милановиќ, велејќи дека 75 проценти што ги добил на изборите ги имало само во неделата. Тоа беше еднократна ситуација, тоа се случи дури тогаш. Веќе денеска можно е луѓето кои во неделата гласале за Милановиќ да се степаат некаде во кафeана. Ги собра незадоволните од сите страни: и оние кои имаат премногу ХДЗ и оние кои имаат премалку ХДЗ. И се чини дека ХДЗ не се во состојба да прифатат дека сè уште се водечка сила во државата, дека треба да го диктираат темпото и да го прифатат повикот на Милановиќ за соработка и да видат до каде може да оди“, тврди Пуховски.
Регион
Земјотрес во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 11 минути во Албанија.
Потресот се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.