Регион
Во Сирија загина уште едно момче од БиХ, 26-то во вакви случаи
Уште едно момче од Босна и Херцеговина кое се борело на страната на радикалните сунитски исламистички групи во Сирија загинал на тамошното боиште, а според информациите на безбедносните служби на Федерацијата БиХ станува збор за 26-ти ваков случај на загинување на босански државјани, пишува во средата сараевскиот дневен весник Dnevni Avaz.
Семејството на Суад Шабиќ од местото Босанка Бојна во општината Велика Кладуша добила информација дека тој пред три дена загинал во Сирија, а веста ја пренело момче од Сански Мост кое заедно со Шабиќ заминало на сириското боиште. Според сознанијата на босанскохерцеговските безбедносни служби, двете момчиња во Сирија отпатувале кон крајот на 2013 година, а семејствата наводно ништо не знаеле за нивните намери.
Таткото на Суад, Рифет Шабиќ претходно потврдил дека неговиот син дури отпосле му се јавил од Сирија велејќи дека таму се наоѓа во еден воен камп на обука. Рифет тогаш укажал и на поврзаност на целиот случај со Билал Босниќ, неформалниот челник на радикалната салафитска вехабиска заедница во БиХ кој во септември 2014 година беше уапсен поради поттикнување на тероризам. Против ткн имам Босниќ е подигнато и обвинение и во затвор го очекува почнувањето на судскиот процес.
Повикувајќи се на извори од Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (SIPA), дневникот Dnevni Avaz пишува дека службата и натаму оперира со бројка од 150 државјани на БиХ кои заминале да се борат на страната на исламистичките терористички организации во Сирија. Собраните оперативни сознанија, исто така, говорат и за 26 загинати босански државјани на сириското боиште.
Во БиХ во 2014 година стапија на сила измените на кривичниот законик според кој придружувањето на паравоени единици и регрутирањето и учеството во воени судири во странство станува кривично дело, па наводно затоа и бил намален бројот на заминувањето на сириското боиште. „Од стапување на сила на овој закон евидентирано е заминување на околу 30 лица од различен пол и возраст и доби на странските боишта како и враќањето од боиштата на две лица“, навеле од SIPA со појаснување дека тие две лица биле приведени во рамки на акцијата во која е уапсени и Билал Босниќ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

