Регион
Радикалите тврдат дека Шешељ има рак, Трибуналот без коментар
Функционери на Српската радикална партија (СРС) соопшти дека нејзиниот лидер кој е обвинет од страна на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства на поранешните простори на СФРЈ, Воислав Шешељ има метастази на црниот дроб, оценувајќи дека Хашкиот трибунал „го убива Воислав Шешељ бидејќи нема докази да го осуди“.v
Откако претходно потпретседателот на СРС, Милорад Мирчиќ, за српските медиуми изјави дека кај Воислав Шешељ се откриени метастази на две места на црниот дроб и дека лично Шешељ одобрил таа информација да биде објавена, на прес-конференцијата во неделата заменикот претседател на радикалите, Немања Шаровиќ изјави дека Трибуналот во Хаг ја крие вистинската дијагноза и лекарските наоди за здравствената состојба на Шешељ.Шаровиќ пред новинарите го покажа извештајот во кој наместо дијагнозата се наоѓа бела хартија, а тој, наводно, му биле доставен на Шешељ по неколку негови барања до лекарите. „Никој нема право да крие налог за здравствената состојба на Воислав Шешељ“, изјави Шаровиќ, обвинувајќи го Трибуналот за несоодветна и неправовремена здравствена нега за Шешељ, кој во хашкиот притвор е 12 години.Минатата година СРС објави дека на Шешељ во октомври во Хаг поради тумор хируршки му биле отстранети 30 сантиметри од дебелото црево.И покрај многуте барања, изминати се сите рокови за носењето на пресудата за Воислав Шешељ, истакна Шаровиќ тврдејќи дека „сите коишто молчат и не прават ништо се соучесници во убиство“, вбројувајќи ја тука и српската влада.Портпаролката на Хашкиот трибунал, Магдалена Спалинска, изјави за српските медиуми дека не сака да ги коментира ниту тврдењата на СРС за здравствената состојба на Шешељ, ниту обвинувањата на ова партија дека Трибуналот има намера да го ликвидира нивниот челник со несоодветно лекување./крај/мф/сн
Извор: Танјуг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

