Контакт

Надворешна политика

Македониja и Германиja имаат исти интереси во однос на мигрантската криза

Објавено пред

На маргините на климатскиот самит во понеделникот во Париз, претседателот Ѓорге Иванов оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел, со која разменија мислења за актуелната мигрантска криза, безбедносните предизвици и состоjбата со европската интеграциjа на Македониja. 

dobivaj vesti na viber

Канцеларката Меркел го информираше претседателот Иванов за исходот од вчерашниот самит ЕУ-Турциja. Претседателот ja запозна канцеларката Меркел со мерките што Македониja ги превзема за справување со бегалската и мигрантската криза и посебно укажа на фактот што се уште нема ништо од ветената европска помош за македонските институции.

Воедно, Иванов истакна дека Македониja инсистира на мисиja на Фронтекс на jужната граница, а обрна внимание и на недостатокот од директна комуникациja меѓу македонските и грчките институции, на секое потребно ниво.

Иванов нагласи дека е неопходно Македониja конечно да започне со преговори и потенцираше дека бегалската криза jacно укажува дека земjите од Западниот Балкан требаше одамна целосно да бидат интегрирани во ЕУ.

Беше заклучено дека Македониja и Германиja имаат исти интереси во однос на мигрантската и бегалската криза, како и дека и натаму треба да продолжи и да се продлабочи интензивната комуникациja и размена на информации меѓу двете земjи, посебно во однос на актуелната мигрантска криза./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени се апсења

Четири лица се уапсени откако слики од принцот Ендру, Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беа проектирани на...

Свет2 часа

Катар: Нетанјаху нема да помине неказнето

Катар изјави дека кршењето на меѓународното право од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „нема да остане неказнето“, објави Анадолија....

Европа3 часа

Медведев: Зоната забранета за летови над Украина би значело војна меѓу НАТО и Русија

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведувањето зона на забрането летање над Украина и соборувањето на...

Европа3 часа

Лукашенко: Ние и Русите вежбаме лансирање нуклеарно оружје во Белорусија

Русија и Белорусија вежбаат лансирање на руско тактичко нуклеарно оружје како дел од заеднички воени вежби, изјави белорускиот лидер Александар...

Македонија11 часа

(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска...

Европа13 часа

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија14 часа

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...

Топ17 часа

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија18 часа

Јас не сум од вчера во политиката, партијата Левица фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија19 часа

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија19 часа

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија20 часа

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија20 часа

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија22 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија23 часа

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет24 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија24 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија1 ден

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија1 ден

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет1 ден

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...