Регион
Српскиот државен и црковен врв порача дека нема признавање на Косово

Српскиот државен и црковен врв, заедно со претставниците од Српската академија на науките и уметностите (САНУ), по состанокот во вторникот ги повика членките на УНЕСКО да го одбијат барањето на Косово за членство во оваа институција, пренесуваат српските медиуми.
Српскиот државен и црковен врв, заедно со претставниците од Српската академија на науките и уметностите (САНУ), по состанокот во вторникот ги повика членките на УНЕСКО да го одбијат барањето на Косово за членство во оваа институција, пренесуваат српските медиуми.
На состанокот било истакнато дека Србија нема да ја признае независноста на Косово и дека ќе го продолжи патот кон Европската унија (ЕУ), со одржување и унапредување на традиционално добрите односи со Русија, Кина и останатите земји.
„Сите институции и државни органи на Србија остро се спротивставуваат на приемот на Косово во УНЕСКО и ги повикаат членките на оваа организација да го одбијат барањето на Косово и земјите кои го поддржуваат ова. Српските цркви и манастири на Косово и припаѓаат на Српската православна црква и Србија, и секое одземање на ова наследство би значело недвосмислено загрозување на најзначајните религиски, културни и историски споменици на српскиот народ“, било порачано на состанокот на кој присуствуваа српскиот премиер Александар Вучиќ, претседателот Томислав Николиќ, српскиот патријарх Иринеј, како и останатите претставници од владата и од САНУ.
„Србија ќе го продолжи својот пат кон Европската унија, со одржување и унапредување на традиционално добрите односи со Русија, Кина и остантите земји. Исто така, дијалогот во Брисел помеѓу Белград и Приштина треба да продолжи, а српската Влада и нејзината делегација имаат целосна слободна, во рамките на Уставот на Република Србија, да донесат компромисни решенија, со кои на Србите и Албанците би им се овозможила подобра соработка и заеднички живот во иднина“, стои во соопштението од кабинетот на српскиот претседател Николиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.