Контакт

Книги

Две нови книги во издание на ИЛИ-ИЛИ

Објавено пред

Деновиве од печат излегоа две нови книги во популарната прозна едиција ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

dobivaj vesti na viber

Се работи за романите “Болка од камен” на Милена Агус, во превод од италијански јазик на Катерина Сотирова, и “Готленд” на Мариуш Шчигел, во превод од полски јазик на Лидија Танушевска. Излегувањето на книгите финансиски е поддржано од програмата “Креативна Европа” на Европската унија. Милена Агус е родена во Џенова, а живее во Каљари, каде што предава италијански јазик и историја во гимназија за уметност. Нејзиниот прв роман Mentre dorme il pescecane (2005) достигна до петтото издание, но пошироката читателска јавност ја запозна токму преку романот Mal di pietre (2007), добитник на наградите: Premio Forte Village, Premio Santa Marinella, Premio Campiello Selezione Giuria dei Letterati, Premio Elsa Morante, финалист за наградата Strega и книга на годината на Fahrenheit за 2007 година. “Болка од камен” доживеа триумфален успех во Италија со преку 50.000 продадени примероци, а подеднаков интерес предизвика и во Франција и Германија. Преведен е на триесет јазици. Според Le Monde, овој кус роман на Агус навистина наликува по малку на камен: цврст, навидум мазен, а сепак полн со пукнатини и тајни. Стилот, иако е едноставен и поетичен, сепак е собран, соголен, токму како ѕидовите од гранит на куќите во Сардинија. Раскажувањето се извива како спирала и малку по малку, како случајно, ја открива средишната тема на романот, но и вистината за главниот лик, којшто постојано е во потрага по најважната работа на светот. Но оваа најважна работа, ја нема. Па оттука френетичната желба да се испише поинаква биографија на еден живот, каде што љубовта и страста стануваат центарот на светот.Le Nouvel Observateur, пак, нагласува дека романите на Агус несомнено откриваат шарм и непосредност. Тие се еден вид на стапица за соништа, дури и кога можеби го очекуваме исходот од приказната, или пак кога на крајот ликовите се спојуваат во една личност. Агус постојано се движи на работ меѓу чудесниот и секојдневниот живот и секојпат добива громогласен аплауз.Мариуш Шчигел, роден во 1966 г., полски новинар и писател, добитник на Европската награда за литература во 2009 г. Има објавено шест книги: Неделата која се случи во среда (1996), На секоја тема – ток шоу за читање (заедно со Витолд Ожеховски, 1997), Готленд (2006), Каприсче. Женски приказни (2010), Направи си рај (2010) и Небесна љубов (2012). Освен тоа, има објавено бројни репортажи во различни антологии. Во 2014 г. е одликуван со еден од највисоките ордени – Орденот на полската преродба од Претседателот на државата, Броњислав Коморовски. „Готленд“ е трогателна приказна за критичкиот ум под стегите на комунистичкиот режим, соочен со апсурдни ситуации, додека приватниот живот перверзно бил искористуван од властите, со цел да биде замолчен. Главните ликови на „Готленд“ се: основачот на познатата фабрика за чевли „Бата“, славниот естраден пејач Карел Гот, љубовницата на нацистот Гебелс, скулпторот на најголемиот споменик на Сталин во светот, внуката на Кафка, која им го давала своето име на користење на автори ставени на црна листа во комунистичкиот режим за да може и понатаму да издаваат, младото момче кое се самозапалува по угледот на Јан Палах, 30 години по неговата смрт, познатиот чешки драматург Јан Прохаска и многу други. Книгата има одлична композиција, произлезена од повеќегодишни истражувања, разговори, посети и пишани материјали. Овие репортажи честопати наликуваат на есеи и на раскази. Тоа е продолжение на полската традиционална школа на литературна репортажа, која претставува мешавина на факти, добро изградени ликови, поетски наратив и артистичка рефлексија на одредени настани и ситуации. Заснован на минуциозни истражувања и стотици интервјуа со сите, од филмски работници, писатели и поп-ѕвезди до обични граѓани, Готланд претставува калеидоскопски приказ на еден истраен народ што преживува тежок, а честопати и бизарен период – подеднакво смешен, вознемирувачки, возбудлив и апсурден, со еден збор… кафкијански./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,...

Македонија8 часа

За пет дена 2.267 сообраќајни прекршоци, уапсени се 22 лица

Од почетокот на месец октомври полицијата констатирала 2.267 сообраќајни прекршоци, а 22 лица се уапсени за безобзирно управување на возило,...

Македонија8 часа

(Видео) Николоски: Јасно е дека Заев ги влече конците во СДСМ

Јасно е дека Заев ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и...

Топ10 часа

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски...

Македонија11 часа

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа...

Свет11 часа

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата на коронавирус?

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“. Меѓу другото, таа зборуваше за конфликтот во Украина. „Во...

Македонија13 часа

Заев: Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува...

Македонија13 часа

„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај...

Регион13 часа

(Видео) Во Црна Гора убиен член на Шкаљарскиот клан: телото пронајдено во автомобил

33-годишниот Бобан Сјеклоќа беше убиен вчера околу 18 часот во продолжението на војната меѓу црногорските кланови. Телото на овој висок...

Европа15 часа

(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот...

Свет15 часа

Трамп: Разговорите со Хамас за завршување на војната во Газа напредуваат брзо

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека преговорите со Хамас за прекин на израелската војна во Газа и ослободување на...

Европа16 часа

(Видео) Украинците го нападнаа Белгород: град со 300.000 жители остана без електрична енергија

Рускиот град Белгород и околните области беа погодени од прекин на електричната енергија синоќа. Причината беа нападите што ја оштетија...

Регион16 часа

(Видео) Мафијашка пресметка во Црна Гора, пронајдено тело на популарна плажа

Целосна полициска блокада е воспоставена во поширокото подрачје на плажата Јаз во близина на Будва вчера вечер поради убиство што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем...

Македонија1 ден

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва...

Македонија1 ден

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните...

Македонија1 ден

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не...

Регион1 ден

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“,...

Свет2 дена

(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди...

Свет2 дена

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд...