Црна хроника
Вработени оштетиле охридска фирма за над половина милион денари

Четворица вработени ја оштетиле охридската фирма „Емо-косел“ за над половина милион денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(56), магационер во АД „Емо-Косел“, Т.Ј.(55) и М.К.(55), двајцата обезбедување во истата фирма за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, а против Т.В.(54) шеф на погон, за кривично дело „кражба“.
Пријавениот T.В. на 23-ти мај, ги зел клучевите на погонот-трансформатори и со непознато лице од магацинскиот простор украле 1.190 килограми бакарни фолии. Магационерот З.Н. иако бил должен да ја контролира состојбата со материјалите, не пријавил кусок на бакарни фолии, а обезбедувачите Т.Ј. и М.К. вршејќи други работи го оставиле фабричкиот комплекс необезбеден.
Украдените бакарни фолии се во вредност од 585.295 денари.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.