Европа
Северноирскиот премиер отстапи поради политичката криза

Првиот министер на Северна Ирска, Питер Робинсон, изјави дека ќе поднесе оставка, како и сите освен еден министер од неговата Демократска унионистичка партија (DUP), поради кризата предизвикана од убиство коешто се поврзува со Ирската републиканска армија (IRA).
Демократска унионистичка партија (DUP), која е најголемата пробританската партија во Северна Ирска, во четвртокот не ја доби поддршката од противничките партии за продолжување на учеството во поделбата на владата, па премиерот Питер Робинсон, изјави дека неговите министри ќе поднесат оставки, доколку Лондон не го распушти парламентот.
„Поднесувам оставка како прв министер, а ќе отстапат и сите министри од DUP, со исклучок на Арлена Фостер. Побарав од Арлена да продолжи да ја извршува должноста министерка за финансии, за националистите и републиканците да не можат да носат финансиски и други одлуки штетни за Северна Ирска“, рече Робинсон.
По убиството, со коешто, според полицијата, е поврзана распуштената Ирската републиканска армија (IRA), Северна Ирска е соочена со најголемата политичка криза во последните десет години, поради којашто британската влада би можела да ја укине тамошната самоуправа.
Полицијата сомничи припадници на IRA, паравоената група којашто беше распуштена според мировниот договор од 1998 година но некои нејзини фракции одбија да се разоружат, за вмешаност во убиството на Кевин Мекгвиган од 12-ти август. Шин Фејн, политичкото крило на IRA, објави дека меѓу тројцата уапсени е регионалниот челник Боби Стореј.
Мировниот договор од 1998 година го прекина насилството кое траеше три децении меѓу католичките националисти и пробританските протестанти, и во кое во Северна Ирска загинаа 3.600 луѓе. Основана беше и коалиција на спротиставените партии, којашто тешко функционираше по засилените верски тензии последните години.
Британскиот премиер Дејвид Камерон претходно во четвртокот изрази сериозна загриженост поради политичката криза во Северна Ирска.
„Премиерот е сериозно загрижен од развојот на ситуацијата…., сакаме сите политичари во Северна Ирска заедно да работата за подобрата иднина на земјата“, рече портпаролката на Камерон. Додаде притоа дека британскиот премиер ги „разгледува следните чекори“ и е во контакт со северноирскиот премиер и со државната секретарка за Северна Ирска, Тереза Вилерс./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин