Црна хроника
Сметководител од Скопје затаил данок од 750.000 евра
Сметководител од Скопје заедно со уште четири лица со разни малверзации успеале да затајат данок од над 750.000 евра.
Финансиската полиција во соработка со Управата за јавни приходи разби група на измамници од Скопје кои со разни малверзации за неколку години успеале да затајат данок од над 750.000 евра. Во врска со тоа уапсени се четири лица, додека по еден полицијата сè уште трага. Уапсените се товарат дека сториле кривични дела „измама“, „поттикнување“, „помагање“ и „фалсификување и „уништување деловни книги“.
Мозок и главен организатор на измамата, според податоците на Финансиската полиција, е З.З(54) од Скопје, вработен во сметководственото биро „Мак Консалтинг ДООЕЛ“ од Скопје, кое е во сопственост на неговата сопруга.
Тој, преку скопските фирми „Мартом ДООЕЛ“, „Бор-зо Инжинеринг ДОО експорт – импорт“, „Јоми Креатив Солушнс ДОО Скопје“, „Стајковиќ Превоз“, „Визус Интернационал ДОО“, „Дрвоконект ДООЕЛ“ и „Ивков Компани“ поттикнат од В.Б(63), Б.К(42) и В.Б(42) во периодот од 2008 до 2013 година во ДДВ пријавите кои ги доставил до УЈП прикажал фалсификувани податоци за влезниот промет, со што противзаконски и неосновано извршил поврат на ДДВ во износ од приближно 750.000 евра. Во дел од наведените фирми З.З. бил управител, а во дел ја злоупотребил својата позиција на овластен сметководител и без знаење на сопствениците на истите, изготвувал и доставувал фалсификувани ДДВ пријави до УЈП, а потоа лично од сметките на фирмите ги подигал паричните средства добиени од повратот на ДДВ.
„За да ги затскрие трагите на кривичното дело и да ја избегне кривичната одговорност, З.З. ја употребил добро разработената и позната шема на затајувачите на данок, па дел од своите фирми ги префрлил на државјани на Република Бугарија, а во дел од фирмите како подигач на парите и управител го назначил лицето Тодор Александров Паскалиев, наводен државјанин на Бугарија за кој по извршените проверки од Интерпол Бугарија се утврди дека е непостоечко лице со фалсификуван бугарски пасош“, се вели во соопштението на Финансиска полиција.
Паричните средства од неоснованите поврати за ДДВ, пријавените ги користеле за лични потреби овозможувајќи си себе си и на своите семејства луксузен живот со купување на скапи куќи и автомобили.
Полицијата уапси четворица од измамниците, додека за едниот од нив постојат информации дека е надвор од територијата на Македонија заради што по истиот дополнително ќе се трага со распишување на меѓународна потерница.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

