Европа
Шефовите на дипломатиите од ‘Нормандиската четворка’ разговараа за украинската криза
Министрите за надворешни работи од ткн Нормандиска четворка, односно Украина, Русија, Франција и Германија се сретнаа во петокот во Берлин за да разговараат за следните чекори кои ќе доведат до целосен прекин на судирите во Украина каде што мировниот процес не напредува со посакуваното темпо.
„Не можеме да бидеме задоволни со тоа што прекинот на огнот се почитува до одредена мера“, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Ватлер Штајнмаер и предупреди дека „има неколку сериозни предизвици“, меѓу кои е организирањето чесни локални избори коишто се под контрола на одментатите мнозински рускојазични власти во југоисточните области на Украина. „Натаму животно важно е да се обезбеди хуманитарна помош за источните покраини“, додаде шефот на германската дипломатија, пренесува DPA.
Забележливо е дека во многу области судрените страни одогловлекуваат и не сакаат да ги остварат зададените задачи до крајот на годинава да ги спроведат мерките договорени во белоруската престолнина Минск во февруари годинава. Украинската армија и рускојазичните бунтовници главно го почитуваат прекинот на огнот од септември и ги разменија заробениците по принципот сите за сите, а од неодамна го повлекоа артилериското оружје со помал калибар од линијата на контактот, што може да послужи како модел за повлекување на вооружувањето со поголем калибар, рече портпаролката на германската влада.
На средбата во Берлин, покрај Штајнмаер присуствуваа неговите колеги од Русија Сергеј Лавров, од Украина Павло Климкин и на Франција Лорен Фабиус. Претходниот состанок во овој формат се одржа на 12-ти септември.
Шефот на меѓународните набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Украина, Еругрул Апакан изјави дека нешто претходно седмицава повлекувањето на лесното вооружување напредува, но „ситуацијата и натаму е нестабилна“.
Во Берлин Апакан истакна дека што поскоро треба да се започне со деминирање на источние делови на Украина, а набљудувачите ќе помогнат во мапирањето на минираните области. Во судирот во Украина се проценува дека загинале околу 8.000 луѓе, а потпишаните договори од Минск во септември 2014 и февруари 2015 година помогнаа да се воспостави прекин на огнот од септември.
Властите во рускојазичните региони на Украина објавија на 6-ти октомври дека ги одложуваат закажаните локални избори за 2016 година, под притисокот на Москва а по барање на Брисел./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.
Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.
Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.
Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.
Европа
Поранешен руски заменик-министер пронајден мртов: „До телото пронајдено оружје“
Поранешниот руски заменик-министер за труд и социјална заштита Алексеј Скљар изврши самоубиство, објави „Московски комсомолец“. Според весникот, телото на поранешниот функционер е пронајдено во неговиот дом во селото Поповка, во областа Филимонковски. Веста ја објави и руската државна новинска агенција ТАСС.
„Московски комсомолец“ објавува дека пред смртта, Скљар оставил проштална порака на социјалните мрежи во која изјавил дека сè е вина на неговата сопруга. Итните служби пристигнале на местото на настанот и забележале дека вратата од домот на Скљар е отворена.
Неговото тело било веднаш на влезот. Во близина на телото е пронајден пиштол.
Алексеј Скљар бил заменик-министер за труд од 2018 до 2022 година. Тој бил одговорен за развој на информациски системи и обезбедување на владини услуги по електронски пат. Пред тоа, тој работеше во канцеларијата Краснодар на Федералното министерство за финансии од 2002 до 2013 година, а потоа во Сметководствената комора на Руската Федерација од 2013 до 2018 година.
Европа
Поларен студ се очекува во Европа кон крајот на јануари
После декември со претежно стандардно време, јануари донесе студ и снег. Значителен дел од Европа моментално е под снежна покривка, што создава услови за развој на ладен континентален антициклон и продолжување на зимските услови.
Во исто време, се развива голем сибирски антициклон, кој би можел да насочи многу студен, можеби поларен, воздух кон југ кон крајот на месецот. Влијанието на атлантските циклони е ослабено и не се очекуваат долготрајни јужни ветрови во блиска иднина, пишува IstraMet.
Прогнозите укажуваат на постепен развој на нова зимска ситуација. Веќе во недела, температурите на воздухот ќе се спуштат на просечни нивоа за ова време од годината. Ова ќе биде и вовед во период на постабилно и посончево време, со утрински минус температури и пријатни дневни температури. Не се очекуваат поголеми метеоролошки нарушувања во наредните денови.
Позначајна промена е можна кон крајот на јануари, под влијание на постојан сибирски антициклон. Таквиот развој на синоптичката ситуација би можел да го помести поларниот воздух подалеку на југ, можеби дури до Медитеранот, при што дел од тој воздух ќе стигне до нашиот регион. Сè уште е прерано да се прават подетални прогнози.

