Контакт

Политика

Џ.Мико: САД не сакаат да ја урнат владата на Груевски

Објавено пред

Доколку СДСМ сака да владее, тие мора да понудат нешто многу повеќе отколку голи осуди на актуелната влада, да понудат политики кои докажано ќе бидат издржани, но нивните политики не се дејствени, рече американскиот аналитичар Џејсон Мико, инаку добар познавач на состојбите во Македонија, во разговорот за емисијата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ и истакнува дека интерес на САД е земјата да биде стабилна и немаат намера да ја соборуваат владата.

dobivaj vesti na viber

Мико, оценувајќи ги најновите состојби на македонската политичка сцена вели дека го забележува сериозните обвинувања и политичка партија од левицата која сака да добие моќ преку судот на јавното мислење.

„Гледам и дека судот на јавното мислење ѝ кажува на оваа политичка партија од левицата дека тие не гласале за неа поради многу причини во минатото, а една од нив е тоа што оваа партија, СДСМ, не е зрела, одговорна или, пак, способна за владеење. Прво, гласачите ги отфрлија нив и нивните политики. Потоа, СДСМ покажа дека тие не беа зрели, со тоа што не ги прифатија пратеничките места кои легитимно ги освоија. Трето, тие докажаа дека не се одговорни преку одржувањето на овие настани кои наликуваат на кампања, наместо своите наоди и обвинувања да ги достават до судскиот систем. Ако СДСМ сака да владее со Македонија, тие мора да понудат нешто повеќе од само осуда за актуелната влада. Тие мора да понудат политики кои докажано ќе делуваат. Но политиките на левицата не делуваат, и тука е крајот“, вели Џејсон Мико.

На забелешката дека се’ уште не е даден одговор на прашањето дека и покрај тврдењата на челникот на СДСМ Зоран Заев дека директорот на УДБК, Сашо Мијалков го организирал наводното прислушување, а самиот тој се наоѓа на најголемиот дел од презентираните прислушувани телефонски разговори, Мико вели дека со тоа ѝ се наштетува на целата земја.

„Исто така, гледам дека на Македонија ѝ се наштетува преку целата оваа состојба. И ова е лошо за Македонија. Очигледно, сево ова мора да се истражи преку судството и на еден отворен и транспарентен начин. Сигурен сум дека ова ќе се случи“, вели американскиот аналитичар и додава дека нема одговор на тоа кој би стоел зад „бомбите“, Според него, и двајцата политичари кои најчесто се споменуваат, Заев и поранешниот челник на СДСМ, Бранко Црвенковски, „и двајцата се способни, но и очајни“.

Мико нема одговор ниту на тврдењата на многу аналитичари и извори кои велат дека грчки разузнавачки служби, но и тајна организација од една голема земја се вмешани во аферата со прислушуваните разговори, „Повторно, немам одговор. Беше наведено дека странска шпионска служба стои зад ова, но мора да почекаме и да видиме“, смета Американецот.

„Мислам дека веројатно има некој одвнатре кој сака дестабилизација. Можеби има и некој однадвор кој исто така сака дестабилизација на Македонија. Ова е и случај со повеќе земји. Важно е да бидете свесни за ова, дури и да не се знае кој го сака ова, мора да бидете подготвен и да ја одбраните Македонија од сите, одвнатре и однадвор, од оние кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија“, одговори Мико на прашањето кој навистина посакува дестабилизација на Македонија.

Упатува прашањето за тоа како Вашингтон гледа на актуелните случување во земјава да ѝ се упатат на амбасадата на САД во Скопје, но предочува дека Стејт департментот има премногу грижи во светот и оти најверојатно ја оценуваат ситуацијата за стабилна за да засега интервенираат.

„Можам да ви кажам дека од оваа страна на Атланскиот Океан, не се размислува многу околу ова, односно надвор од Стејт департментот и неколку аналитичари. Има толку многу неволји во светот во овој момент што ова не се забележува. Очигледно, доколку состојбата расте и стане потенцијална закана за стабилноста на Македонија, тогаш тоа ќе привлече многу поголем интерес. Но сега засега изгледа дека е доволна стабилна за да се препушти на нормалниот тек за решавање“, смета Мико.

Од него беше побаран и коментар за неодамнешната објава на социјалните мрежи на Ермира Мехмет од ДУИ, која смета дека состојбата би можела да биде решена со тоа што ќе има нова влада, на чело со македонски Албанец за премиер. „Секако дека таа има право на сопствено мислење, но сметам дека не постои етничко решение за ова, што главно е тоа што таа го предложува. Ова не е, како што некои би сакале да го претстават, проблем на Македонец со Македонец. Како што слушнавме, некои членови од албанското лидерство во Македонија, наводно се прислушувани. Се работи за снимање разговори и потоа пуштање на истите во јавноста. Тука станува збор за владеењето на правото. Се работи за обвинувања од страна на едни изморени луѓе од левицата кои се’ што можат да направат, е да понудат пропаднати политиките за македоснкиот народ – а македонскиот народ постојано ги отфрла овие пропаднати политики“, оцени Мико.

„Некои аналитичари веруваат дека во заднината на целото сценарио е проблемот за името, вклучувајќи интрига, уценување, дестабилизација, БРИКС, Русија, Германија и САД“, беше едно од прашањата на водителот.

За Мико, пак, проблемот со нерешениот спор за името со соседна Грција нема врска со сегашните збиднувања. „Мразам што морам да ви го соопштам ова, но не е се’ околу спорот за името и ви гарантирам дека Обама и Путин не се будат секое утро, размислувајќи околку тоа што се случува во Македонија. Тие многу ретко мислат на Македонија, бидејќи како што и некои во Македонија веруваат, Македонија не е центарот на Универзумот“, одговори аналитичарот.

За Мико „идиотска е идејата“ на некои домашни аналитичари кои веруваат дека скоро објавениот проект „Турски поток“, и тоа што руската компанија „Строитрансгас“ започна градење една делници од гасовод во Македонија, која може да биде употребена за поврзување на споменатиот гасовод од Грција кон Србија и натаму кон Европа, ги прави САД „нервозни“ и поради тоа некој, можеби САД, му дава на Заев „охрабрување“ да го создаде овој политички скандал и да го симне Груевски од власт. „САД се заинтересирани за стабилна Македонија и немаат никаква намера да ја симнат од власт владата на Груевски. Она што Македонија го прави во поглед на енергетските прашања е нејзина сопствена работа“, порача./крај/мф/ст

 

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ11 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ12 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија13 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија15 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија15 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ16 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија18 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија18 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија19 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ20 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ20 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија21 час

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион21 час

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа23 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион24 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија1 ден

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...