Црна хроника
Пожар на Детска клиника, нема повредени
Мал пожар избувнал во среда вечер на Детската клиника во Скопје. За среќа огнот бил брзо изгаснат и нема повредени.
Пожарот настанал на третиот кат на клиниката, а причините не се познати.
Вработените и дечињата биле евакуирани, а брзата интервенција на пожарникарите спречиле штета.
Во пожарот нема повредени ниту е причинета материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж најден починат во штала во Росоман
Педесет и шестгодишен маж бил најден починат во штала во Росоман во близина на игралиште.
Телото на мажот (М.С.) било најдено вчера, а според информациите од МВР, тој таму престојувал како безомник.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Засега нема информации за причините за смртта на човекот.
Црна хроника
Група деца со пиротехника оштетиле автомобил во Центар
Група малолетници пред два дена во Центар, Скопје, фрлале пиротехнички средства и оштетиле автомобил.
Возилото било во сопственост на фирма од населбата Илинден.
Се работи на расчистување на настанот, велат од МВР.
Црна хроника
Со автомобил удрено 15-годишно девојче на улица во Скопје
Синоќа на булеварот Александар Македонски’ во Скопје, автомобил со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удри во 15-годишна малолетничка од Скопје.
„Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид.