Црна хроника
Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија
Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија.
Како што јави италијанскиот весник „Il Gazzetino“ на своето интернет издание, несреќата се случила во вторникот околу 21 часот на патниот правец Басано – Муселите кај месноста Романао Де Зелито.
Според весникот, во директен судир на два автомобила со италијански регистарски таблички загинаа македонските државјани Амир Мерчевски (19) од Жупа, Хамлет Етовмовски (21) од Отишани и уште едно младо момче од регионот на Дебар, чиј идентитет не е соопштен.
Исто така, тешко се повредени уште две други лица, од кои едниот е македонски државјанин, додека другиот италијански државјанин.
Макфакс од извори на клубови на печалбари во Италија дознава дека третото младо лице кое загинало е од селото Косоврасти.
Загинатите во сообраќајната трагедија се деца на наши печалбари кои работаат во Италија подолг период. /крај/мн
Извор: Il Gazzetino
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.