Црна хроника
Идентификувани уште 10 учесници на протестите во Скопје

Министерството за внатрешни работи идентификуваше уште 10 лица кои учествувале во насилните протести што се одржаа минатиот петок и сабота во Скопје против пресудата во случајот „Монструм“, со што бројот на пријавени учесници се зголеми на 34.
МВР ја направило идентификацијата врз основа на сопствените видео-материјали како и оние добиени од медиумите.
„Сите лица се од Скопје на возраст од 18 до 40 години. Со тоа бројот на учесници во екстремно агресивните протести, против кои ќе следува натамошен прогон се зголеми на 34 лица. Од овие лица мерки на кривичен прогон ќе бидат преземени против 24 кои се товарат дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствије“ по член 384 од кривичниот Закон на Република Македонија. За ова дело е предвидена казна затвор од шест месеци до три години или доколку станува збор за организатор на толпата од една до пет години затвор“, се наведува во соопштението на МВР.
Останатите десетмина се прекршочно гонети, односно издадени им се платни налози за глоба и процесуирани им се прекршочни пријави по Законот за прекршоци од јавен ред и мир. Делата кои им се ставаат на товар се: „постапување спротивно на наредбата на надлежен државен орган или службено лице,“ „неоддалечување од група на луѓе која овластено службено лице ја повикало да се разотиде во прилики кога јавниот ред е загрозен“ и „карање, викање или непристојно и дрско однесување на јавно место“.
МВР продолжува и натаму да работи на идентификување на сите кои учествуваа во насилните протести во кои беа оштетени повеќе згради и дуќани, а беа повредени вкупно 32 полициски службеници, како и десет граѓани кои побараа медицинска помош во скопските медицински установи./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.